Форекс
Цените на нафтата највисоки од март


Цените на нафтата во Лондон скокнаа на највисоко ниво од март – на 71 американски долари, поради зголемените очекувања за зголемена побарувачка на гориво за време на сезоната на летни патувања во САД.
На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,48 долари во споредба со претходното затворање и изнесуваше 70,80 долари. Во претходна трговија, цената достигна највисокото ниво во текот на работниот ден по 8 март од 71 американски долари.
На американскиот пазар, барелот поскапе за 1,87 долари во споредба со затворањето во петокот и се тргуваше за 68,19 долари.
Зголермувањето на цената дојде и од кинеските податоци дека активностите во фабриката се зголемија со највисока стапка годинава во мај.
„Иако постои загриженост за построги ограничувања поврзани со ковид-19 низ Азија, пазарот се чини дека е повеќе фокусиран на приказната за позитивната побарувачка од САД и делови од Европа”, велат аналитичарите на ING Economics.
Фирмата за мониторинг „GasBuddy” објави дека побарувачката на САД за бензин во неделата, за време на викендот скокна за 9,6 проценти над просекот во претходните четири недели, што е најголема неделна побарувачка од летото 2019 година.
Порастот на цените, сепак, има ограничени очекувања за поголема понуда на сурова нафта на пазарот.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници – попознати како ОПЕК + најверојатно ќе се согласат да продолжат полека да го олеснуваат намалувањето на снабдувањето, велат извори на ОПЕК, бидејќи производителите го балансираат очекуваното закрепнување на побарувачката наспроти можното зголемување на иранската понуда.
„Нема знаци на поделба во групата и очекуваме таа да се држи до стабилен курс со многу добра контрола на пазарот”, вели Бјарн Шилдроп од норвешкиот СЕБ.
ОПЕК + одлучи во април да врати на пазарот 2,1 милиони барели дневно снабдување со сурова нафта во периодот од мај до јули, бидејќи предвидуваше раст на глобалната побарувачка и покрај многу големиот број случаи на коронавирус кај третиот најголем потрошувач на нафта во Индија.
ОПЕК на својата веб-страница денеска објави дека цената на барел нафта на нејзините членки во понеделникот изнесувала 68,53 долари, што значи дека порасна за 33 центи од претходниот трговски ден.
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јули?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.07.-31.07.2022 година вкупниот промет изнесува 430.542.437 денари и бележи благ пораст од 0,97% во однос на претходниот месец јуни. (more…)
Форекс
Изработката на првите банкноти се одвивала рачно, симболите го отсликуваат нашето културно-историско минато


Секој симбол на македонската банкнота си има свое посебно значење и ја отсликува нашата историја со која можеме да се гордееме. За изработката на првите бонови беше потребно многу време. Имав многу непроспиени ноќи, но и голема одговорност, вели дизајнерот на првите македонски пари Борче Тодороски за „МИА”. (more…)
Форекс
Како влијаеше одлуката на ФЕД за зголемување на каматните стапки врз инвеститорите на Волстрит!?


На њујоршки Волстрит во средата берзанските индекси силно пораснаа, откако американската централна банка Federal Reserve (ФЕД) ги зголеми клучните каматни стапки како и што се очекуваше, а нејзиниот претседател Џером Пауел порача дека во иднина темпото на растот на каматите би можело да биде забавено. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје