Connect with us

Останато

Цената на нафтата предизвика пад на акциите на Wall Street

Објавено

на

На Wall Street неделава S&P 500 и Nasdaq индексите се лизнаа од рекордните нивоа, а најмногу паднаа цените на акциите во финансискиот и енергетскиот сектор.

Dow Jones падна за 0,24%, на 21.029 поени, а S&P 500 се намали за 0,12%, на 2.412 поени, додека Nasdaq индексот за 0,11%, на 6.203 поени.

 

Најмногу паднаа цените на акциите во енергетскот сектор, за 1,3%, како резултат на падот на цените на нафтата.

 

Иако OPEC и некои кои не се членови на тој картел неодамна одлучиja да го продолжaт договорот за намалување на производството до крајот на првиот квартал следната година, инвеститорите се плашат дека овие мерки не се доволни за да се намали значително јазот помеѓу преголемото производство и недостатокот на силна побарувачка.

 

Значително паднаа и цените на акциите во финансискиот сектор, за 0.8%, со што цените на акциите на големите банки JPMorgan и Bank of America се намалија за повеќе од 1%.

 

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно