Connect with us

Останато

Цената на нафтата на светските пазари растеше и претходната недела

Објавено

на

На лондонската берза цената за барел нафта се зголеми за 8 проценти минатата недела, односно се продаваше по цена од 35,13 американски долари, додека на американската берза, барелот нафта се зголеми за речиси 13 проценти и се продаваше по цена од 33,25 долари.

Сепак, цените на нафтата се уште се за околу 40 проценти пониски во споредба со почетокот на годината, бидејќи парализирањето на најголемите светски економии поради корона кризата во март и април предизвика огромен пад на побарувачката.

Коронавирусот ја поништи децениски зголемената глобална побарувачка за нафта и закрепнувањето ќе биде многу бавно. Но, најголемите светски производители го намалија производството со цел дополнително да го спречат намалувањето на цената.

Неодамна, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и независните производители предводени од Русија се согласија за најголемото намалување на производството во историјата, за 9,7 милиони барели на ден, што стапи на сила на 1 мај.

Производителите на нафта во САД, исто така, го намалуваат производството на нафта заради ниските цени, што е индицирано со неколкумесечен пад на бројот на активни нафтени централи.

Инвеститорите се внимателни бидејќи можно е во месеците што претстојат да има втор бран од пандемијата на коронавирусот.

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Авганистанската економија ќе има пад до 30 проценти, што може да доведе до бегалска криза

Објавено

на

Авганистанската економија може да се намали за 30 проценти оваа година, и тоа најверојатно ќе поттикне бегалска криза што ќе ги зафати соседните земји, Турција и Европа, објави Меѓународниот монетарен фонд. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ковачевски: До крајот на 2022 година МФ ќе спроведе реформа во буџетското сметководство, од готовинско преминуваме на пресметковно начело

Објавено

на

Силни, ефективни и отчетни институции во јавниот сектор се клучни за воспоставување стабилно економско опкружување и одржлив раст, што се покажа и во услови на пандемијата предизвикана од ковид-19. Оттука, основната цел на водењето буџетско сметководство и буџетско известување е круцијално за управување со Буџетот и постигнување финансиска одговорност при изготвување и носење на деловните политики и одлуки, односно урамнотежено буџетско трошење од реално расположливите средства. (more…)

Продолжи со читање



Популарно