Connect with us

Форекс

Цената на нафтата достигна највисоко ниво во последните 2,5 години

Објавено

на

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела повторно се зголемија, петти пат по ред, достигнувајќи ги највисоките нивоа во повеќе од две и пол години, бидејќи трговците очекуваат раст на побарувачката на нафта, со оглед на континуираното закрепнување на најголемите светски економии.

На лондонскиот пазар, цената на барелот минатата недела скокна за 3,6 проценти, на 76,18 долари, додека на американскиот пазар, барелот порасна за 3,4 проценти, на 74,05 долари.

Скокот на цените на нафтата на највисоките нивоа од октомври 2018 година се должи на очекувањата дека побарувачката ќе расте побрзо од понудата и дека водечките производители ќе бидат внимателни во постепено зголемување на производството.

„Цените на нафтата последните недели постојано ги оддржуваше глобалниот пад на залихите, бидејќи побарувачката и натаму бавно расте, иако прилично нерамномерно. Залихите на нафта во наредниот приод треба дополнително да се намалат така што очекуваме цените на нафтата во третиот квартал да продолжат да растат”, изјави аналитичарот на „UBS” Џовани Стауново.

Поддршката на пазарот стигна и со веста дека американскиот претседател Џо Бајден се договори со сенаторите да се инвестираат 1.200 милијарди долари во инфраструктурни проекти, што предизвика оптимизам за изгледите за побарувачка на енергија.

Прифатените проекти сочинуваат речиси две третини од парите што Бајден ги побара и вклучуваат 312 милијарди долари во инвестиции во транспортни проекти како што се патишта, мостови и аеродроми и 266 милијарди долари во други проекти, како што се инвестиции во водовод и широкопојасен интернет .

Зголемувањето на цените се должи и на податоците што покажуваат дека најголемите светски економии стабилно закрепнуваат од коронакризата.

Форекс

Главни акценти од првите шест месеци од 2021 година на Македонска берза

Објавено

на

Вкупниот берзански промет по сите основи во првата половина на 2021 година изнесува околу 87 милиони евра, што претставува намалување од 8% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 95 милиони евра. Ова благо намалување се должи на помалиот промет со акции во БЕСТ системот оваа година, при што битно е да се нагласи дека минатата година во март и април на пазарот беа забележани исклучително високи акциски промети како последица на прогласената пандемија на COVID-19. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец јуни

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец јуни 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јуни?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.06.-30.06.2021 година вкупниот промет изнесува 1.549.452.344 денари и е драстично зголемен за неверојатни 227,67% во однос на претходниот месец мај. (more…)

Продолжи со читање


Популарно