Форекс
Цената на нафтата во надолен тренд трета недела по ред

Цената на нафтата на лондонскиот пазар паѓаше и минатата недела, бидејќи трговците стравуваат дека зголемувањето на каматните стапки од страна на централните банки поради високата инфлација ќе го забави растот на светската економија, што би ја ослабело побарувачката на нафта.
Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 5,5 проценти на 101,16 американски долари, додека на американскиот барел за 6,9 проценти на 97,59 долари.
Најголемиот неделен пад на цената на нафтата во последниот месец е последица на зголемувањето на каматните стапки од страна на централните банки во светот со цел да се потисне високата инфлација, што ќе го забави растот на глобалната економија и со тоа ќе ја намали побарувачката за нафта.
Најголемиот дел од фокусот е ставен на американската централна банка, откако минатата недела беше објавено дека инфлацијата во Соединетите Американски Држави (САД) во јуни достигна 9,1 проценти, што е ново највисоко ниво во последните 40 години.
Затоа се очекува дека ФЕД ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени во јули, втор месец по ред. Некои дури шпекулираат за зголемување на каматните стапки за цел процентен поен.
Во моментов, пазарите проценуваат дека постои 75% се шансите ФЕД да ги зголеми каматните стапки за 0,75 процентни поени, а 25% се шансите каматните стапки да се зголемат за еден процентен поен.
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)
Форекс
Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)
Форекс
Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје