Connect with us

Форекс

Цената на златото со благ раст поради монетарната политика на ФЕД

Објавено

на

Цената на златото утрово благо порасна поради очекувањата дека ФЕД нема нагло да ја заостри монетарната политика и покрај високата инфлација, покажуваат податоците за трговијата.

Во 7.41 часот цената на февруарските фјучерси на златото на Њујоршката берза порасна за 0,18% или 3,25 долари на 1.819,8 долари за троја унца. Мартовските фјучерси на среброто се зголемија за 0,48% на 23.027 долари за унца.

Вниманието на инвеститорите е насочено кон понатамошните активности на ФЕД, кој најверојатно ќе ја зголеми основната каматна стапка на следниот состанок.

Според аналитичарите на „TD Securities”, цитирани од Волстрит Журнал, неодамнешната изјава на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, е сигнал дека каматните стапки може благо да се зголемат. Ова значи дека благородниот метал има можност за поскапување.

Форекс

Руската рубља ќе стане официјална валута во дел од украинските градови

Објавено

на

Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1-ви мај, објавија руски државни медиуми. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот опасно му се приближува на еврото!

Објавено

на

Еврото утринава падна на најниско ниво во последните пет години од 1,05890 долари, откако руски „Газпром” соопшти дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Падот под 1,06 долари за прв пат по пет години во однос на генерално силниот американски долар доаѓа поради зголемената загриженост околу енергетската безбедност и забавувањето на растот во Кина и Европа. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Злато има, но нема кој да го купи!?

Објавено

на

Започнувањето на конфликтот помеѓу Русија и Украина предизвика висок пораст на цената на нафтата, но покрај нафтата, висок пораст бележи и најблагородниот метал – златото. (more…)

Продолжи со читање


Популарно