Connect with us

Форекс

Цената на златото руши рекорди

Објавено

на

Златото достигна цена од 1.800 долари, што е највисоко ниво од 2011 година.

Ова се чудни времиња на „Wallstreet”, одредени инвеститори се водени од оптимизам во поглед на потенцијалното економско опоравување, па ги зголемуваат своите вложувања. Сепак, повеќето се и натаму нервозни поради растечката закана од втор бран коронавирус.

Тоа го докажува и цената на металот, а на златото се качи над 1.800 долари по унца и се движи кон рекордното ниво од 1.900 долари.

Златото во 2020 година порасна за речиси 19 проценти. Аналитичарите велат дека ова е интресен тренд. Скокот на цената на златото имаше повеќе смисла претходно оваа година, како стока која секогаш добро оди во период на финансиски стрес, кога стравот доминира на берзите.

По падот на банката „Lehman Brothers” 2008 година, златото зајакна додека пазарот тоа го дочека дури на почетокот на 2009 година.

А рекордната цена, таа од 2011 година, забележана е по намалувањето на рејтингот на САД.

Форекс

Новите измени на Правилата за котација на Македонска берза, тема на три работилници со котираните компании

Објавено

на

На 22 и 23 септември, преку online платформата ZOOM, Берзата организираше три работилници на кои беа поканети сите 100 котирани компании во врска со имплементацијата на новите измени на Правилата за котација. Целта на работилниците беше детална презентација и дополнителни појаснувања поврзани со новите Правила за котација што стапија на сила на 21 септември. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Инвеститорскиот ден ги однесе акциите на Македонска берза во зелена зона

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Што донесе „Инвеститорскиот ден” на Македонска берза?

Објавено

на

На „Инвеститорскиот ден“ на Македонска берзата кој се одржа на 18.09.2021 година по повод 25 години од основачкото собрание на Берзата, се склучија вкупно 339 трансакции што е убедливо најголем број на трансакции од јуни до денес. Вториот најголем број на трансакции на дневно ниво во овој период е 169, а просечниот дневен број на трансакции изнесува 62 трансакции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно