Форекс
Цената на Брент нафтата во пораст, го достигна нивото од почетокот на март


Цената на фјучерсите за северноморската нафта Брент за испораки во август 2020 година на лондонската берза „ICE” се зголеми за 1,7 проценти и го достигна нивото од почетокот на март.
Со денешниот раст, цената на нафтата од Северното Море достигна цена од 43,02 долари за барел, покажуваат податоците на берзата.
Последен пат цената на оваа нафта беше повисока од 43 долари за барел на 6 март оваа година.
Суровата нафта од типот „WTI“ се тргуваше по цена од 40,22 долари за барел, што е за 1,7 проценти повеќе во однос на претходното затворање на берзата.
Министрите на земјите од „OPEC Plus” на онлајн состанокот на 6 јуни се согласија да го продолжат највисокото ниво на намалување на производството на нафта за уште еден месец, односно до крајот на јули. И покрај невидените ограничувања, Русија и Саудиска Арабија инсистираат сите членови на алијансата целосно да го почитуваат договорот.
Поради пандемијата на коронавирусот, цената на нафтата достигна историско најниско ниво и се продаваше и со негативни вредности, но потоа повторно се стабилизираше. Се очекува кон крајот на годината, цената на „црното злато” да се врати на ниво од пред појавата на вирусот Ковид-19.
Форекс
Wall Street одговори со рекорд на инаугурацијата на Бајден!


Акциите на најпознатата светска берза во Њујорк (Wall Street) се на рекордно ниво поради охрабрувачките извештаи за приходите на акционерите и поради оптимизмот дека новото раководство во Вашингтон ќе значи поголема поддршка за економијата, која е во голема тешкотија поради пандемијата на Ковид-19. (more…)
Форекс
Руската рубља е најпотценета валута во светот!?


Британскиот неделник „The Economist“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!