Останато
ЦДХВ презема заострени мерки за превенција и спречување на ширење на коронавирусот


Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје ги известува клиентите дека согласно мерките на Владата на Република Северна Македонија за мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19 и прогласената вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија Депозитарот презема заострени мерки за спречување на ширење на коронавирусот и намалување на ризиците за институцијата и нејзините клиенти. Институцијата воведува нови процедури за издавање на извештаи и давање на други услуги.
Мерките се состојат во следното:
Во службените простории на Депозитарот, сметано од 23.03.2020 година, нема да се примаат странки.
Се упатуваат акционерските друштва за добивање на акционерски книги или други извештаи веднаш да започнат постапка за приклучување кон порталот за генерирање на извештаи за издавачи (дистрибутивен систем). Постапката на приклучување е образложена на следниот линк.
Акционерските друштва кои од различни причини не можат да се приклучат на порталот или имаат потреба од издавање други (нестандардни) извештаи, потребно е да ја следат постапката образложена на следниот линк.
Останатите клиенти на Депозитарот:
Изводи од сметки и Потврди за не/поседување на хартии од вредност, издавање на останати извештаи за сопственици, спроведување на налози, оставински решенија или договори за подарок, или постапување по барање за достава на било какви останати информации ЌЕ СЕ ВРШИ ЕДИНСТВЕНО ВРЗ ОСНОВА НА БАРАЊЕ И СООДВЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ДОСТАВЕНА ПРЕКУ ПОШТА, на следната адреса: Бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.
Во барањето потребно е да се наведе:
- Идентификациони и адресни податоци за подносителот на барањето
- Целта за поднесување на барањето,
- Документацијата што се приложува кон Барањето,
- Податоци за контакт (телефонски број или e-mail адреса)
- Доказ за уплата (копија од уплатница) на соодветен надоместок, согласно
Тарифата на ЦДХВ, објавена на веб страната www.cdhv.mk во делот “Услуги>>Услуги за сопственици на ХВ>>Надоместоци” на било која од банковните сметки наведени во делот “За ЦДХВ >>Банковни сметки”.
Депозитарот ќе достави соодветен одговор по пошта.
Потребната документација за издавање на било која од услугите на Депозитарот се наведени на веб страната www.cdhv.mk, во делот “Услуги >> Услуги за сопственици на ХВ”.
За подетални информации обратете се на телефонскиот број 02/ 3 299 800 или на e-mail адресата cdhv@cdhv.mk.
Останато
СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст


Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)
Останато
Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања


Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)
Криптовалути
Кристин Лагард: Криптовалутите се безвредни, тие не се засноваат на ништо!


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо, дека се целосно безвредни. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје