Connect with us

Останато

Царовска најави санкции за фирмите кои ја злоупотребија државната помош

Објавено

на

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска истакна дека се разгледуваат правните можности зa санкционирање на фирмите кои ја злоупотребија државната помош.

Царовска порача овие фирми итно да им ги исплатат парите на работниците, бидејќи треба да се покаже одговорност од нивна страна.  Ова е голем пропуст, вели Царовска, и секако дека санкционирање на фирмите ќе се случи.

Во моментов Генералниот секретаријат на Владата ги разгледува правните можности, се покренуваат сите елементи коишто се можни и за тоа јавноста наскоро ќе биде известена, информираше Царовска.

Владата објави список од фирми кои што ја злоупотребиле државната помош.

Дел од фирмите под притисок на јавноста почнале да ги исплаќаат платите за работниците, а синдикалните организации побараа кривична одговорност и најстроги санкции за сите кои ја злоупотребиле помошта од државата.

Останато

Бесими: Законот за буџет е готов и поставен на Енер

Објавено

на

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР: Отворен јавниот повик за иновациски ваучери – високообразовните институции се вклучуваат во развојот на домашната економија

Објавено

на

Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЕБОР предвидува пад на економијата од дури 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната 2021 година

Објавено

на

„Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд”, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој. (more…)

Продолжи со читање

Популарно