Connect with us

Електронско банкарство

Царинските процедури достапни преку курсеви за електронско учење

Објавено

на

Следејќи ги трендовите на Европска Унија за дигитализација на секој аспект од царинското работење, Царинската управа денес ги промовираше курсевите за електронско учење преведени и прилагодени на македонски јазик. 

Програмата за електронско учење предвидува можност за унапредување на обуките на Царинската управа,  различно од класичното учење,  како и можност за значително зголемен број на слушатели на обуките. Нивната достапност и флексибилност, овозможуваат полесно разбирање на царинското законодавство и се дел од заложбите на Царинска управа за блиска соработка, како со економските оператори, така и со сите засегнати од царинските постапки.

За следење на овие електронските курсеви, потребен е само пристап до интернет и на едноставен начин преку веб страната на Царинската управа, секој заинтересиран може да се стекне со основно или напредно знаење за сите теми од царинското работење. Исто така, е-курсевите се од големо значење и за подобрување на институционалниот капацитет на Царинската управа, бидејќи сега секој царински службеник, преку трите модули на курсевите, може на лесен начин и во секое време прогресивно да напредува  и да достигне експертско познавање за царинските процедури.

На настанот, поддржан од Делегацијата на Европската унија,  поздравно обраќање имаа Ѓоко Танасоски – директор на Царинската управа, Фрек Јанмат – раководител на Оддел за оперативни работи и советник при Делегација на ЕУ и  Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија.

Директорот Танасоски стави акцент на тоа дека пренесувањето на информациите е предуслов за униформна примена на царинското законодавство, а е-учењето е одговор на сè поголемата потреба за обуки. Компететноста и конкуретноста на царинските службеници се важни и треба постојано и систематски да се развиваат. Со посветеноста да се користи платформата за е-учење, можат полесно да се применат стратешките цели на Царината, како и на увозниците и извозниците.

Г-дин Јанмат ја потенцираше потребата за поблиска соработка помеѓу царинските администрации и деловната заедница и користењето на информатички и комуникациски технологии при зајакнување на знаењето. Истакна и дека модулите за електронско учење, со содржаните информации допринесуваат за подобрување на експертското знаење.

Г-дин Виктор Стојкоски ја поздрави иницијатива на Царинската управа за изучување на царинската регулатива, со избор на еден од поефективните начини за едукација – курсеви за електронско учење, кои се широко достапни и секој може да учи со сопствено темпо и во време кога е најслободен.

Курсевите, нивната содржина и предностите од нивното користење беа претставени и преку видео презентација. Истите се достапни на следниот линк.

Електронско банкарство

Стопанска банка АД Скопје ја исфрла од употреба Windows mobile верзијата на мобилната апликација

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје ги исвестува своите клиенти корисници на мобилната апликација, дека поради значајно намалениот број на корисници на Windows Mobile уреди на пазарот, но и глобално, од 01.03.2019 m-banking апликацијата на Стопанска банка ќе престане да биде достапна за преземање од Windows Mobile Store.

Бесплатната m-banking апликација останува достапна за iOS и Android мобилни уреди и Банката ќе продолжи да инвестира во развој и унапредување на услугите достапни преку истата.

Продолжи со читање

Домашни банки

Нови функционалности во Интернет банката за правни лица на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје на своите корисници на Интернет банка им овозможи нова опција, а тоа е дека почнувајќи од 01.04.2019 година, Банката ќе ги доставува изводите за тековната сметка во странска валута за правни лица резиденти, придружните обрасци 743 и 1450 и МТ 103 SWIFT пораките, единствено преку Интернет банката за правни лица во делот на Девизен платен промет.

Новите функционалности во Интернет банката за правни лица се достапни бесплатно за сите клиенти кои имаат пристап, без потреба од поседување на токен, и истите нудат повеќе предности во Вашето работење: поголема сигурност, безбедност,  брзина и ефикасност.

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Комерцијална банка АД Скопје ja зголеми заштитата на корисниците на Интернет банка и мБанка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје на своите корисници им ја зголеми заштитата при електронските плаќања преку Интернет банка и преку мобилната апликација мБанка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange