Connect with us

Останато

Царинската управа го одбележува 14 април – 28 години Царинска управа

Објавено

на

Денес, на 14-ти април, Царинската управа одбележува 28 години самостојност, стекнат суверенитет и контрола врз царинското подрачје на Република Северна Македонија.

Соочени со фактот дека годинава, за жал, поради ситуацијата предизвикана од коронавирусот, откажан е традиционалниот свечен настан, Царинската управа одлучив Царинскиот празник да го прослави на малку поинаков начин.

Директорот на Царинската управа г. Ѓоко Танасоски, преку видео порака им се обрати на царинските службеници, соработниците, учесниците во царинските постапки, како и на сите граѓани. Во видео обраќањето, директорот Танасоски им го честиташе празникот на сите царински службеници, и се осврна на постигнатите резултати во текот на изминатата година.

Едно од најголемите достигнувања на Царинската управа во 2019 година е дигитализацијата на царинското работење преку создавање на услови за бесхартиено царинско работење со воведувањето на новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи СОЦДАД, што почна да се применува од 1ви јуни. Значаен успех е и тоа што Царинската управа на Република Северна Македонија е избрана за претседавач на Поткомитетот за царина и правила на потекло во рамки на ЦЕФТА за 2020 година што има големо влијание во олеснувањето на националната и прекуграничната трговија.

Во 2019 година се работеше и на подобрувањето на законодавството, а доследноста во неговата примена даде видливи резултати преку остварената наплата на приходи. Имено, наплатата во изминатата година беше над планираната, односно:

  • 6.01 милијарди денари или 97,72 милиони евра остварен приход од наплата на царина,
  • 55 милијарди денари или 894 милиони евра евра приход од ДДВ,
  • 30 милијарди денари или 488 милиони евра наплатени акцизни давачки
  • 788 милиони денари или 12.8 милиони евра од други надоместоци.

Или вкупно 1.5 милијарди евра остварен приход во 2019 година.

Една од позначајните придобивки за општеството беше и воведувањето на „One stop shop“ на граничниот премин Табановце. Во текот на минатата година се работеше на промоција на Овластен економски оператор (ОЕО), бенефит за компаниите кој резултираше 11 компании да се стекнат со статус на ОЕО.

Изминатата година се воведе новиот Закон за акцизи целосно усогласен со акцизното законодавство на Европската Унија, како и посебниот закон за оданочување на моторни возила – прв закон со еколошка компонента, со крајна цел обновување на возниот парк во државата, а со тоа и намалување на загадувањето.

Со видео порака и честитки за успешното работење на Царинската управа се обратија и министерката за финансии г-ѓа Нина Ангеловска и секретарот на Светска Царинска Организација г. Кунио Микурија.

На царинските службеници кои одбележуваат 10, 20 и 30 години од своето работење, им беа доделени Благодарници во знак на признание за нивната посветеност при вршењето на должноста на царинскиот службеник и поддршка на општеството, заштитата на граѓаните и економијата и поддршката на сите гранични служби.

Празнувањето на денот на Царинската управа и оваа година се искористи како можност за изразување на благодарност кон постојаните соработници и партнери, како и за наградување на царинските службеници и испостави кои посебно се истакнале во извршувањето на своите работни задачи.

Во овој период, кога се соочуваме со еден од најголемите предизвици од постоењето на државата – пандемијата на коронавирусот, царинските службеници уште еднаш ја покажаа својата солидарност. Преку хуманитарна акција на вработените во Царинската управа, во соработка со Црвниот крст на Република Северна Македонија доделени беа 50 пакети со прехранбени продукти за најпогодените граѓани во оваа ситуација – старите и изнемоштени лица.

Царинската управа ќе продолжи да работи на исполнувањето на глобалните императиви за справување со економските, еколошките, здравствените и социјалните предизвици, со истовремено зголемување на постоечките напори за поефикасно справување со сите постапки во наша надлежност.

Годишниот извештај на Царинската управа може да го видите тука

Останато

Комерцијална банка – нов спонзор на РК Вардар 1961

Објавено

на

Ракометниот шампион на Македонија и сеуште актуелниот Европскиот ракометен шампион – РК Вардар 1961 непосредно пред настапот на Струшкиот турнир го објави дресот за претстојната сезона. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Месечните примања на работниците во Германија намалени за 2,2 отсто

Објавено

на

Бруто месечната заработка на работниците со полно работно време или скратено работно време во Германија во просек е 2,2 проценти пониска во вториот квартал во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Федералното биро за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Apple, Тим Кук влезе во клубот на милијардери

Објавено

на

Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук влезе во клубот на милијардери, откако вредноста на акциите на технолошката компанија продолжува да ја зголемува својата вредност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно