Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Хуманитарен базар во училиштето „Нова“ за помош на Дневниот центар за деца на улица

Објавено

на

Традиционалниот хуманитарен базар на училиштето „Нова“ во Скопје ќе се одржи во 11 часот во сабота (11 мај) во кампусот на оваа образовна институција, а дел од парите собрани на настанот ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари. Традиционална храна од различни држави, книги, ракотворби од домашни и странски уметници, лотарија, музички точки и мини – зоолошка градина се само дел од активностите кои се предвидени за манифестацијата.

“Семејниот базар е настан кој годинава се одржува по 13. пат и од година во година расте и се развива во обем. Сè повеќе луѓе го посетуваат и бројот на средства кои се собрани се зголемува. Досега сме соработувале со голем број на институции, а овој пат одлучивме дел од собраните средста да ги намениме за Дневниот центар за деца на улица и се надеваме дека ќе направат промена. Во суштина, секоја година сме отворени за соработка за различен тип на институции на кои им е потребна помош”, велат од меѓународното училиште „Нова“.

Манифестацијата е организирана од Здружението на родители и професори од „Нова“ во соработка со училиштето. Досега дел од собраните средства на настанот биле наменети и за Клиниката за педијатриска хематологија и онкологија при Универзитетската детска клиника; Домот за деца без родители „11 Oктомври“ во Скопје; Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост“ итн.

Настанот е од отворен тип, и сите семејства коишто бараат интересна викенд активност, а при тоа сакаат да помогнат во реализација на хуманитарната цел, се добредојдени.

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие, за 20% повеќе од лани

Објавено

на

Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јуни е поголем за околу 20% во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започнува со работа фондот за школување и вработување на БЕФ

Објавено

на

Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб-академијата Еверест и со финансиска поддршка на Sparkasse, го објави денес својот прв јавен повик за кофинансирање стручни студии во област на веб-развојот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange