Connect with us

Осигурување

Хуманиот Мајкл Џордан отвори клиника за луѓе без здравствено осигурување

Објавено

на

Живата НБА кошаркарска легенда и миленик на многу генерации заљубеници во кошаркарската магија, Мајкл Џордан со пригоден говор ја отвори својата втора здравствена установа во која ќе се даваат здравствени услуги за пациенти без здравствено осигурување.

Пред само две години, Мајкл Џордан објави дека ќе донира 7 милиони долари за изградба и отварање на две медицински установи, а пред две недели ова негово ветување стана реалност.

Сопственикот на кошаркарскиот клуб Charlotte Hornets и миленик на многу кошаркарски фанови со ова хумано дело сака да се оддолжи на заедницата и уште еднаш да ја покаже својата големина како човек.

Локацијата на оваа болница не е случајна. Џордан одбра да возврати на Шарлот, градот во кој што е роден и градот кој што го оформил него како личност за да тргне по патот на успехот. За време на особено емотивниот говор тој сподели солзи на своето лице со присутните соопштувајќи:

„Ова е особено емотивно за мене што можам да возвратам на заедницата која што ми пружаше поддршка повеќе години наназад”. – изјави Мајкл Џордан.

Лоцирана во делот од градот каде што живеат жители со пониски примања, оваа клиника ќе нуди услуги за непривилегираните граѓани кои што немаат здравствено осигурување.

Во 2014 година во истражување спроведено од страна на Харвард универзитетот градот Шарлот бил рангиран на 50-то (последно) место од 50 истражувани градови во економска мобилност за децата родени во сиромаштија.

„Верувам дека твојот поштенски код или маалото во кое си роден не треба да го одредуваат квалитетот на твојата здравствена заштита- или дали воопшто можеш да добиеш здравствена заштита” – рече Џордан во неговото обраќање пред присутните.

Клиниката ќе има на располагање 12 соби-диспанзер, Рентген сала и простор за физикална терапија. Покрај тоа што ќе се грижи за здравјето на пациентите клиниката ќе има и социјален работник со намена за социјална поддршка на посетителите на клиниката.

Осигурување

Какви поволности нуди доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување?

Објавено

на

Доброволното приватно здравствено осигурување е доброволно и долгорочно осигурување и може да се договори најмалку во траење од една година од денот на почеток на осигурувањето. Доброволното здравствено осигурување не е животно осигурување или дополнително осигурување кон осигурувањето на живот согласно со Законот за супервизија на осигурување. Правата и обврските кои произлегуваат од доброволното приватно здравствено осигурување не можат да се пренесуваат ниту да се наследуваат. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Милионски приливи од камати и дивиденди на сметките во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Пензиското штедење претставува долгорочно штедење кое има за цел зголемување на средствата на идните пензионери. Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку активно управување со средствата од пензиските фондови обезбедува раст на вредноста на пензиските заштеди. Приносите остварени од инвестирањето на средствата ќе ги зголемат заштедите и ќе обезбедат посигурна и постабилна иднина за членовите во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп АД Скопје оствари добивка од 8,5 милиони денари во 2019 година

Објавено

на

ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп АД Скопје преку Македонска Берза објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно