Connect with us

Останато

Хрватските куни одат во историја, Хрватска го воведува еврото како официјална валута!?

Објавено

на

На седница на хрватската Влада се водела расправа за воведување на еврото како официјална валута, меѓутоа, се уште нема најави за точен датум.

“Оваа недела е најдобар тајминг и важна порака за Хрватска за преземање обврска за воведување на еврото штом ќе бидат исполнети сите услови. Треба многу да се работи на едукација на јавноста на оваа тема. Ќе формираме и национален совет за воведување на еврото” – порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Според него, анализата ги опишува деталните трошоци од воведување на еврото и јасно утврдува дека ќе има трајна корист од таквиот потег, а трошоците ќе бидат еднократни и мали.

“Ќе се намалат каматните стапки, извозот ќе биде поконкурентен. Тоа ќе придонесе за зголемување на вработеноста, инвестициите и економските активности воопшто. Според мене, Хрватска е подготвена да го започне процесот за воведува на еврото” – истакна Пленковиќ.

Хрватската вицепремиерка Мартина Далиќ изјави дека земјата е многу добар кандидат за преземање на еврото. Осумдесет отсто од заштедите на граѓаните се во евра, а кога станува збор за трошоците, поради воведување на еврото би можело да дојде до раст на цените.

Останато

HTCA Академик тренинг центар започнува со обуки

Објавено

на

Скопје, (11.05.2018) HTCA Академик – првиот тренинг центар креиран за обучување кадри според швајцарски стандарди сертифицирани од страна на Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн (Schweizerische Hotelfachschule Luzern SHL) денес го најави стартот на обуките за келнери, бармени, рецепционери, персонал за хигиена, маркетинг во угостителството и соодветните консултантски услуги. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бил Гејтс: “Вложување во биткоини е исто како да вложувате во некоја глупост”

Објавено

на

Откако претходно американскиот милијардер и финансиски магнат, Ворен Бафет, го нараче биткоинот како „отров за глувци, кој не вреди ништо“, во острите критики кон оваа криптовалута му се придружи и Бил Гејтс. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Освојте 2.000 евра, менторска помош и патување во Грузија – пријавете се за Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2018!

Објавено

на

Сите млади што имаат идеја за социјален бизнис можат да ја аплицираат до 8 мај 2018 година, вторник (на полноќ) како дел од овогодишната Награда за социјално претприемништво „Social Impact Award 2018“! Конкурсот е отворен онлајн на веб-страницата socialimpactaward.mk. Можностите што ги нуди програмата се многубројни, од финансиски награди (три тима добиваат по 2.000 евра од Шпаркасе банка Македонија), менторска помош и поддршка, патување на Интернационалниот самит во Грузија, можности за вмрежување, растење и учење. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange