Connect with us

Странски банки

Хрватските банки остварија добивка од 1,1 милијарда куни во првиот квартал на 2021 година

Објавено

на

Банките во Хрватска остварија профит од 1,1 милијарда куни во првиот квартал од оваа година, што е приближно иста сума како и во првите три месеци од минатата година, објави во понеделникот Хрватската народна банка (ХНБ).

„Работењето на банките во првиот квартал од 2021 година резултираше со профит од 1,1 милијарда куни, што е скоро еднакво на профитот остварен во истиот квартал од 2020 година. Индикаторите за профитабилност се зголемија во споредба со нивната вредност на крајот на 2020 година. Прносот на активата (ROA) се зголеми од 0,6 на 0,9 проценти, а повратот на капиталот (ROE) се зголеми од 4,4 на 6,8 проценти“, се вели во соопштението на Хрватската народна банка во коментарот за развојот на банкарскиот систем во првиот квартал.

Според податоците од табелата на ХНБ за работењето на банките, „Загребачка банка” има најголем профит во првиот квартал од оваа година, кој изнесува 416,8 милиони куни.

Следува „Привредна банка” со профит од 195,4 милиони куни, додека пак „Ерсте и Штаермеркише банка” исто така имаа профит поголем од 100 милиони куни, кој изнесува 179,6 милиони куни.

Според податоците од табелата изготвена врз основа на податоците добиени од централната банка од самите банки, „ОТП банка” е четврта по големина според профитот со износ од 84,6 милиони куни.

Следат три банки кои имаат профит поголем од 40 милиони куни – „Адико банка” со профит од 41,1 милиони куни, „Рајфајзен банка Австрија” со профит од 40,3 милиони куни и најголемата банка во мнозинска државна сопственост – „Хрватска поштенска банка (HPB)” со профит од 40,3 милиони куни.

Од сите кредитни институции, само една банка оствари загуба во првиот квартал од оваа година, а тоа е „Имекс банка” чијшто финансиски резултат е загуба од нешто повеќе од три милиони куни.

Останато

Домаќинствата во земјите од еврозоната продолжуваат да го зголемуваат задолжувањето во банките!

Објавено

на

Домаќинствата во еврозоната продолжија брзо да позајмуваат од банките минатиот месец, привлечени од ниските каматни стапки и економското закрепнување од пандемискиот пад, покажаа во вторникот податоците на Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Џенет Јелен: Банките да мобилизираат капитал за борба против климатските промени

Објавено

на

Американската министерка за финансии Џенет Јелен им порача на лидерите на Светска банка и другите развојни банки да смислат конкретни планови за мобилизирање на значително поголем капитал за борба против климатските промени и намалување на емисиите на стакленички гасови. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарскиот банкарски гигант UBS им овозможува на вработените хибриден начин на работа

Објавено

на

Швајцарскиот банкарски гигант „UBS” одлучи да дозволи дури две третини од своите вработени трајно да работат на хибридниот ангажман. (more…)

Продолжи со читање


Популарно