Connect with us

Криптовалути

Хрватска компанија овозможи купување на автомобил со криптовалути

Објавено

на

Компанијата Кариќ Автомобили стана првиот продавач на автомобили во Хрватска што дозволи со криптовалути клиентите да ги плаќаат автомобилите, пренесуваат локалните медиуми.

Компанијата е лиценциран дилер за брендовите „Фиат“, „Алфа Ромео“ и „Форд“ за Хрватска, а дозволува плаќањата да се извршуваат во криптовалути како што се Bitcoin Cash, Ethereum, Bitcoin и GoCrypto, пренесуваат хрватските медиуми цитирајќи ја компанијата.

„Ние сме крајно горди што им нудиме на купувачите на нашите брендови, за прв пат на хрватскиот пазар, уште еден едноставен начин на плаќање, како одговор на зголемениот број на барања на клиентите за плаќање во криптовалути“, рече претседателот на Компанијата Кариќ Автомобили, Томислав Кариќ и притоа додаде

„Верувам дека нашиот пример ќе го следат и други трговци во индустријата, кои ќе започнат со користење на овој метод на плаќање, што ќе им користи како на продавачите, така и на купувачите“, додаде Кариќ.

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Бесими: Користењето на „крипто валутите“ ќе се уредува со закон

Објавено

на

„Користењето на виртуелните средства со вредност познати како „крипто валути“ ќе се уредува со закон. Во моментов Министерството за финансии заедно со Управата за финансиско разузнавање како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти што произлегуваат од овој нов феномен. Решенијата ќе бидат имплементирани во новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на настанот организиран по повод означување на почетокот на проектот „Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање на Република Северна Македонија“, финансиран од Кралството Холандија. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Започнува со работа првата крипто-берза во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Првата крипто-берза во БиХ ќе започне со работа на 14 септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно