Connect with us

Останато

ХРВАТСКА ГО ВОВЕДУВА ЕВРОТО – хрватската куна заминува во историја!

Објавено

на

Хрватска денеска ќе добие дефинитивна потврда за влез во еврозоната и ќе биде познат конечниот курс по кој ќе се заменува куната за евро, па министерот за финансии Здравко Мариќ го нарече историски ден.

„Голем ден за Хрватска, би се осмелил да кажам и историски”, изјави министерот Мариќ по пристигнувањето на состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (Екофин), кој денеска ќе донесе три правни акти – одлуката за прифаќање на еврото во Хрватска, потоа измената на уредбата со која Хрватска ќе биде додадена на листата од 19 членки на еврозоната како 20-та членка. Третиот правен акт е пропис со кој се утврдува дефинитивната стапка на конверзија на куната во евро. Дефинитивниот курс на конверзија од куни во евра е информација чувствителна на пазарот, па таа ќе остане непозната сè додека одлуката конечно не биде усвоена.

Мариќ вели дека откако ќе се знае конечниот курс, ќе се активираат одредени одредби од хрватскиот закон за еврото, односно тој ќе започне прво со доброволно, а од 5 септември со задолжително двојно прикажување на цените во куни и евра. Хрватскиот министер за финансии, кој минатата недела поднесе оставка и ова е негова последна средба на Екофин, повтори дека приклучувањето кон еврозоната е добра вест не само за Хрватска, туку и за самата еврозона.

Останато

„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Објавено

на

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно