Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Хрватската народна банка ќе ги лимитира брзите кредити

Објавено

на

Продолжат ли банките да даваат кредити без хипотека или без проверка на кредитоспособноста на клиентите, Хрватската народна банка најави дека ќе ги заостри условите за одобрување на потрошувачки кредити или ќе го ограничи нивното доспевање, како што тоа го направија Словенија и Србија. Ова беше објавено од Хрватската народна банка во најновата анализа на потенцијалните ризици за финансискиот систем.

На крајот од минатата година, Србија воведе задолжителна резерва за сите потрошувачки кредити одобрени на повеќе од осум години, а Словенија ограничи одобрување на потрошувачки кредити за десет години. Претходната година, Хрватските граѓани подигнале над четири милијарди куни како потрошувачки кредити, а повеќето од тие кредити се земени на десет или повеќе години, со каматна стапка која во просек е за 3,5 процентни поени повисока од каматата на станбените кредити, пренесува Вечерњи лист.

Станува збор за готовински ненаменски кредити без хипотека или жиранти, кои што се одобруваат за многу краток период, а понекогаш и без присуство на клиентот во филијалата, преку мобилни и онлајн продажни канали.

Хрваткста народна банка направила истражување и анализирала неколку клиенти по случаен избор од Банките, при што утврдила дека комерцијалните банки применуваат поблаги услови кога станува збор за одобрување на готовински наменски кредити во споредба со станбените кредити.

Инаку, банките во моментов имаат на сметките на 35 милијарди непласирани средства за кредитирање, а во последно време ненаменските готовински кредити без жиранти и без хипотека им се најатрактивен производ со каматна стапка околу 13 проценти.

“Едноставноста и брзината на одобрување, зголемување на бројот на должници, олеснување на кредитните услови и продолжување на рокот на доспевање може да доведе до негативна селекција на кредитокорисницте”, се вели во анализата на Хрватската народна банка, која стравува дека брзите кредити може да предизвикаат многу главоболки.

“Оптимистички очекувања за можноста за сервисирање на долгот, е најизразено во време на економски раст, а тоа може да придонесе во развој на системскиот ризик, чии негативни последици би можеле да се осетат дури во опаѓачката фаза на економскиот циклус. Системскиот ризик се однесува на фактот дека може да дојде до пораст на бројот на домаќинства кои нема да можат да ги враќаат кредитните обврски и зголемување на ненаплатените побарувања т.е. пораст на НПЛ, а со тоа и зголемување на трошоците на банките”, се додава во анализата на ХНБ.

Повеќе

Странски банки

Бундесбанк: Централните банки да внимаваат со дигиталните валути

Објавено

на

Гувернерот на централната банка на Германија, Јенс Видман истакна дека дигиталните валути издадени од централни банки во светот, можат да го дестабилизираат финансискиот систем и да ја влошат состојбата на банкарскиот бизнис. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Нов тим на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе

Објавено

на

Од денес, Штаермеркише Шпаркасе има нов тим во Управниот одбор. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

НЛБ Групацијата со резултати од првиот квартал од 2019 година: Оствари нето добивка од 57,9 милиони евра

Објавено

на

На својата 55 – та седница Надзорниот одбор на НЛБ д.д. ги разгледа резултатите на НЛБ Групацијата за првиот квартал од 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange