НБРМ
Хрватската куна ќе може да се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар заклучно со 31 декември 2022 година

Согласно одлуката на Советот на ЕУ за приклучување на Хрватска кон евро-зоната на 1 јануари 2023 година, хрватската куна ќе биде официјално парично средство заклучно со 31 декември 2022 година. Имајќи предвид дека хрватската куна е дел од Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија, средниот курс за денарот во однос на хрватската куна ќе се објавува заклучно со Курсната листа којашто ќе биде формирана на 30 декември и која ќе важи на 31 декември 2022 година (Одлука за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка на Република Северна Македонија, Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 224/22 и 227/22).
Следствено, купопродажните трансакции на домашниот девизен пазар со банките и вршењето на менувачките работи со хрватски куни ќе може да се спроведуваат заклучно со 31 декември 2022 година.
Во текот на 2023 година замената на хрватските куни ќе може да се реализира исклучиво кај деловните банки и кај други институции на територијата на Република Хрватска. Од 1 јануари 2024 година услугите за замена на хрватските куни ќе ги реализира единствено Централната банка на Хрватска. Повеќе информации околу условите за замена на хрватските куни во Република Хрватска може да се најдат на следните официјални интернет страни: www.hnb.hr и www.euro.hr.
НБРМ
Народна банка: Продолжува Проектот за финансиска писменост со ИНФЕ-ОЕЦД, Министерство за финансии на Холандија и Money Wise

Продолжува јакнењето на капацитетите на Народната банка и финансиските регулатори (Министерство за финансии, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурувањето и Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување) во полето на финансиска едукација, преку соработка со еминентни финансиски институции. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. (more…)
НБРМ
Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција од висок профил во Хрватска во организација на ХНБ и ММФ

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува од 2 до 3 јуни во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан од висок профил, кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации, а оваа година учество ќе земе и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје