Connect with us

Останато

Хрватската куна заминува во историја, Хрватска го воведува еврото!?

Објавено

на

Иако пред два месеци беше најавено одложување на процесот за приклучување на Хрватска во банкарската унија и ERM II, агенцијата „Fitch” сепак верува дека процесот со давање „зелено светло“ за воведувањето на еврото како платежно средство ќе оди според планираното и покрај застоите кои ги предизвика пандемијата со коронавирусот.

Тоа ќе значи и заминување на хрватската круна во историјата.

Владата на Хрватска уште пред еден месец се изјасни дека ги исполнила сите 19 реформски мерки, а овие денови и Хрватската народна банка се огласи дека банките во земјата успешно го минале тестот за нивниот квалитет кој го спроведе Европската централна банка (ЕЦБ).

Хрватската влада наскоро треба да ги извести европските институции за примената на сите мерки, а ЕЦБ треба да ги извести земјите-членки на еврозоната за резултатите од проценката на пет хрватски банки. Со тоа земјата ќе се најде во чекалната за влез во еврозоната во која мора да помине најмалку две години и шест месеци.

Нивниот позитивен одговор се очекува до средината на јули, пишува „Јутарњи лист“, по што постапката наложува испраќање на официјално барање за влез во ЕРМ II и да се воспостави тесна соработка помеѓу ХНБ и ЕЦБ.

Според неофицијалните информации, овој процес треба да заврши кон крајот на месец јули. Доколку Хрватска го направи првиот чекор на патот кон еврото, прашањето коешто се поставува е кога еврото ќе се користи во секојдневна употреба.

Искуството на другите земји покажува дека овој период може да варира од две и пол години, колку што и беше потребно на Словенија, па се до 11 години, колку што и требаше на Литванија од 2004 до 2015 година.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно