Connect with us

Странски банки

Хрватската влада ги утврди роковите и правилата за воведување на евро валутата

Објавено

на

Хрватската влада донесе одлука со која го определува 1 јануари 2023 година како датум на воведување на еврото, воспоставува фиксен курс на конверзија од 7,53 куни за евро и ги утврдува датумите на почеток и крај на двојниот промет и известувањето за двојната цена.

Периодот на двојна циркулација на куните и еврата започнува на полноќ на 1 јануари 2023 година и трае до 14 јануари 2023 година до полноќ. Во периодот на двојна циркулација, за време на готовинските трансакции како законско средство за плаќање ќе се користат и куни и евро, пренесува „Хина”.

Во текот на тие 14 дена, примачот на уплатата ќе има обврска да му го врати кусурот во евра на потрошувачот кој плаќа во готово во куни. По исклучок, кога примачот објективно не може да го врати остатокот од износот во евра, може да го врати кусурот во куни.

Во периодот на двојна циркулација, примачот е должен да прифати најмногу 50 монети куни и соодветен број банкноти куни во една трансакција, применувајќи ги прописите за спречување на перење пари и финансирање тероризам поврзани со ограничувања за наплата или плаќање во готовина.

Периодот на задолжително двојно пријавување на цените е од 05.09.2022 до 31.12.2023 година.

Што се однесува до размената на куни за евра, рокот за размена на банкнотите нема да биде одреден бидејќи граѓаните во секое време во иднина ќе можат да менуваат банкноти куни за евра во Хрватската народна банка (ХНБ), дури и по истекот на првите 12 месеци од воведувањето на еврото.

Размената на куни во Хрватската народна банка ќе биде можна уште три години откако ќе престане размената на готовина во куни за евра во банките, филијалите на Финансиската агенција и Хрватската пошта, пренесува „Танјуг”.

Странски банки

Европската централна банка ги зголемува референтните каматни стапки за 25 базични поени

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени поради високите инфлациски притисоци. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматните стапки

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка како дел од борбата против инфлацијата, на следниот состанок на Советот на гувернери. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан

Објавено

на

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно