Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Хари Костов и Комерцијална банка влегуваат во РК Вардар?

Објавено

на

Првиот човек на Комерцијална банка, г-дин Хари Костов најверојатно наскоро ќе биде обелоденет како прв човек и на РК Вардар.

Неофицијални извори велат дека е речиси сигурно Комерцијална банка да биде главниот спонзор на РК Вардар и дека работењето со клубот ќе го менаџира успешниот банкар Хари Костов и останати бизнис луѓе кои нему му се од доверба.

Промената во структурата на финансирање доаѓа по најавата дека Сергеј Самсоненко се повлекува од клубот и информациите дека најголемиот дел од ракометарите спасот си го бараат во трансфер и потпишување договори со други клубови. Почесниот директор на клубот, г-дин Михајло Михајловски вети дека ќе изнајде соодветно решение за РК Вардар успешно да продолжи да функционира на исто ниво и по се изгледа дека ќе си остане на зборот.

На почетокот на месец јуни, РК Вардар ќе земе учество во ФИНАЛ4 од Лигата на шампионите.

Останато

Никола Поповски нов главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот

Објавено

на

Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја информираше јавноста дека г-дин Никола Поповски е избран за нов ВД Главен извршен директор и член на Управниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Нова филијала на Тиго Фајнанс отворена во населба Ченто

Објавено

на

Денеска во населбата Ченто, Тиго Фајнанс ја отвори својата најнова филијала. Со оваа филијала, мрежата на Тиго се комплетира до 26 и опфаќа 19 градови ширум земјата, претставувајќи најшироко распространета мрежа во финтек индустријата, секогаш достапна за потребите на граѓаните. Од финансиското друштво најавуваат дека растот и проширувањето на достапноста ќе продолжи и понатаму. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Коста Ивановски, CFA назначен за нов член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

Според последните промени во органите на управување на Сава пензиско друштво АД Скопје, Коста Ивановски, CFA е назначен за нов член на Управниот одбор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange