Connect with us

Осигурување

Халк Осигурување: 25% попуст на полисата домаќинско осигурување за здравствени работници и вработени во МВР

Објавено

на

Малку професии се исто толку емотивно и физички оптоварени, како што се нашите нови херои, вработените во здравствените установи и вработените во МВР.

Секој ден, овие херои избираат да се стават себеси и нивните кариери на линија за да спасат животи.

Токму поради тоа, Халк Осигурување АД Скопје нуди опции за осигурување, преку 25 % попуст на полисите за осигурувањето на домаќинството. Домот претставува животна инвестиција и за да го заштитите и да ја зачувате сигурноста препорачуваме да поседувате домаќинско осигурување од Халк Осигурување АД.

Со Комбинирано домаќинско осигурување Вашиот дом и предметите во домаќинството ќе бидат осигурени од следниве осигурени опасности – ризици:

• Основни ризици

• Пожар

• Удар од гром

• Експлозија

• Излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација

• Луња

• Град

• Удар со сопствено моторно возило во осигуран објект

• Манифестација и демонстрација

• Паѓање на воздушни летала

• Провална кражба и разбојништво

• Трошоци за нужно сместување во случај на тотална штета

• Дополнителни ризици

• Поплава, порои и високи води; Лизгање и одронување на земјиште; Снежна лавина; Земјотрес, Кршење на стакло.

• Со полисата за осигурување на домаќинството може да се обезбеди надомест на загубата, доколку домот (стан, куќа, викендица, деловен простор…) е оштетен, мебелот и покуќнината се украедни, некој е повреден или е потребно привремено сместување.

За да го добиете попустот при аплицирање задолжително е потребно приложување на потврда за работен однос.

Акцијата ќе важи од 01.06.2020 до 30.09.2020 година.

Осигурување

Микро дом, нов производ на Триглав Осигурување

Објавено

на

Триглав Осигурување воведе нов производ за осигурување на дом, Микро дом, кој што клиентите можат да го користат додека се на патување во странство. Микро осигурувањето на дом се склучува во рамки на полисата за здравствено-патничко осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Денови на финансиска писменост: АСО додели награди и пофалници на 37 основци и средношколци за творби од областа на осигурувањето

Објавено

на

АСО додели награди и пофалници на 37 ученици, од основни  и средни училишта ширум земјава, за цртежи, есеи и песни на теми од областа на осигурувањето. Со оваа активност симболично АСО ги започна „Денови на финансиска писменост 2023“ кои ги организираат сите регулатори на финансискиот пазар. За значаен придонес во унапредување на финансиската писменост кај учениците АСО додели и благодарници на 20 наставници – ментори кои континуирано и посветено работат со учениците на градење на  свесноста за значењето на осигурувањето за општата благосостојба на населението. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Ексклузивна соработка на Триглав осигурување Живот и Комерцијална банка – „Инвестициско осигурување на живот“ за безгрижна финансиска иднина

Објавено

на

Понудата на современи и атрактивни финансиски производи на Комерцијална банка сега е збогатена со нов продукт – „Инвестициско осигурување на живот“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно