Connect with us

Осигурување

Халк осигурување доделува бесплатен тест за ковид-19 на сите корисници на нивна полиса

Објавено

на

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД, како компанија која секогаш се грижи за своите клиенти, одлучи на веќе постојните корисници на полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување и сите нови кои ќе ја земат оваа полиса, да им додели по еден бесплатен тест за детекција на КОВИД-19 во приватните болници со кои има склучено договор.

Имено, полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување (ДПЗО) на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ претставува дополнување на основното задолжително здравствено осигурување и е достапна за сите граѓани на Република Македонија кои се заинтересирани за обезбедување на надстандардно лекување и покривање на трошоците за здравствени услуги коишто не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување.

„Во ситуација кога сите сме погодени од пандемијата на ковид-19 во земјата, но и во светот, компаниите се ставени пред предизвик на кој начин можат да им помогнат на граѓаните во справувањето со оваа криза. Веруваме дека со овој чин ќе придонесеме во заедничките напори на граѓаните, здравствениот систем и воопшто целата заедница за што поуспешно справување со актуелната ситуација“, вели извршниот член на Одборот на директори, Суат Инан.

„Здравјето на нашите осигуреници е на прво место, и токму затоа, Халк осигурување одлучи да им излезе во пресрет на сите нови и постојни корисници на полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување со тоа што ќе им обезбеди по еден бесплатен тест за ковид-19 во лабораториите на приватните болници со кои имаме склучено договор“, изјави Славчо Таушанов, извршен директор на Халк осигурување.

Со Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк осигурување се обезбедува повисок стандард на здравствените услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување, вклучувајќи ги трошоците за покривање на здравствени услуги користени во дополнителната дејност, како и за користење на здравствени услуги во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи и кај правни лица кои вршат изработка, издавање и сервисирање на ортопедски помагала.

Осигурување

Сава пензиски фонд и Сава пензија плус примија приливи од камати и дивиденди од компании како Henkel AG & CO KGAA; Basf SE; Rоyal Dutch Shell PLC-A SHS, Bank Of America Corp.

Објавено

на

Средствата на членови на пензиските фондови се инвестираат во најразлични финансиски инструменти дома и во странство се со цел остварување на соодветен принос кој се распределува пропорционално на сметките на сите членови. Токму затоа од Сава пензиско друштво редовно ги информираат членовите на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус за пристигнатите приливи по основ на дивиденди и камати. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Домаќинско осигурување од Халк Осигурување со 25% попуст за вработени во здравствени установи и МВР

Објавено

на

Во услови на пандемија со вирусот Ковид-19, кога целиот товар паѓа врз здравствените работници, но и на вработените во МВР, Халк Осигурување одлучи да им се заблагодари на хероите од првите борбени редови, кои се грижат за нашето здравје и безбедност, обезбедувајќи 25 проценти попуст на полиса за домаќинско осигурување за сите вработени во здравствени установи и МВР! (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Еуролинк Осигурување АД Скопје оствари добивка од 1,9 милиони денари во 2019 година

Објавено

на

Еуролинк Осигурување АД Скопје преку Македонска Берза објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно