Connect with us

Домашни банки

Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

Објавено

на

Вчера, официјално завршија активностите околу уредувањето на зелениот корнер, на десната страна од популарната „коцка“ во средината на ТЦ Лептокарија. Уредувањето на овој јавен простор е под покровителство на Халкбанк АД Скопје, во склоп на активностите од платформата HalkEco, чија цел е заштита и унапредување на животната средина, создавање здрави навики кај населението и подигање на еколошката свест и грижа за околината.

Халк корнерот е опремен со ново зеленило, урбана опрема, неколку реквизити за деца, соодветна подлога, како и систем за наводнување. Двомесечните подготовки на ова ново урбанизирано катче резултираа со ново место за дружба, наменето за сите возрасти. Со ова дополнително се оплеменува и разубавува градскиот пејзаж на една од најфреквентните локации во скопската Општина Карпош. 

По повод отворањето на овој корнер во главниот град, Халкбанк вчера организираше и симболична дружба, пријатна музика и честење за жителите на оваа населба. 

„Се надеваме дека ова место ќе донесе многу убави моменти, дружби и ќе биде место кое ќе создаде многу спомени. Со желба да направиме и придонесеме повеќе за нашето општество, напорно работиме на збогатување на активностите во склоп на HalkEco платформата. Освен редовното доделување на наградите од HalkEco апликацијата и хронометар трките кои се одржаа во текот на летото, организиравме пошумување на делови во државата каде тоа беше најпотребно, ја поставивме првата еко автобуска постојка и целосно ги реновиравме мостовите во Градскиот Парк. Овој корнер е наша нова HalkEco гордост – велат од дирекцијата за односи со јавност во банката.  

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација: Циркулираат лажни информации за банки, внимавајте кои информации ги земате за веродостојни!

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснована вознемиреност кај граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Пензиите ќе се исплаќаат од 27-ми октомври

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и притоа го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година (понеделник) (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека е поставен нов банкомат на следната локација: во просториите на локалот Шкорпион 13, бул. “Маршал Тито” бр. 79, Куманово. (more…)

Продолжи со читање

Популарно