Connect with us

Депозити

Халки и Халкбанк ги едуцираа малите тенисери од Cherry Cup Skopje за важноста на штедењето за нивната иднина

Објавено

на

Детски жагор и смеа, навивање и бодрење, но и многу спортски жар на деца кои сонуваат еден ден да станат тениски шампиони. Ова е сликата од меѓународниот детски тениски турнир „Cherry Cup Skopje“ кој, со придржување до пропишаните мерки за заштита, од 13 до 17 октомври се одржа на тениските терени на тенискиот клуб АБЦ во Скопје. Учесници беа млади тенисери на возраст од 5 до 13 години, од кои некои можеби еден ден ќе станат големи тениски имиња.

Станува збор за прв и единствен спортски и едукативен турнир, кој во Скопје се одржува по вторпат, и сличен на натпреварите што се организираат во Белград, Умаг и Дубровник, со цел да се издигне статусот на детскиот тенис и да им се помогне на најмладите од најрана возраст да се вклучат во светските спортски движења. Во рамките на настанот се одржаа 6 турнири, организирани според возраста на децата, во машка и женска конкуренција, од кои 5 беа со сингл и дабл издание.

Паралелно со натпреварувачкиот дел, во текот на турнирот имаше и едукативни работилници и дружби за малите тенисери. Една таква дружба беше организирана од Халкбанк како еден од спонзорите на настанот. За време на дружењето, претставници на банката ги споделија со децата и родителите основните информации за детското штедење. Се зборуваше за предностите на штедењето, вредноста на парите, како и за начините за ефективно штедење со што овие, сега мали тенисери, во иднина би можеле да имаат доволно средства кои ќе им овозможат адекватен напредок во нивната национална, но и интернационална кариера.

Халкбанк дополнително на победниците, момче и девојче, на еден од турнирите им додели ваучери за детско штедење во износ од 2500 денари.

Депозити

За да не се заборави: Штедењето е стара добра навика

Објавено

на

Финансиските бури во животот доаѓаат ненајавени и неповикани. И како и секогаш, најголем спас се заштедените пари. Затоа штедењето е повеќе од добра навика. И затоа штедењето како услуга и депозитите на своите клиенти се врвен приоритет во деловната политика на Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Како да го направите чекорот кон посигурна финансиска иднина?

Објавено

на

Економските текови во светот секојдневно влијаат на нашиот џеб. Секоја голема светска криза се чувствува брзо во сите делови на нашата планета, за што најдобар доказ е сегашната предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Во вакви ситуации најдобро се покажува колку е важно да се имаат заштеди. Иако не е лесно да се одвојуваат пари, сепак треба да размислуваме за фактот дека, за жал, понекогаш може да се случи нешто лошо. А тогаш треба да имаме подготвени средства. Но, заштедите се потребни не само за време на криза или за итни и неодложни потреби, туку и за решавање на важни животни прашања. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

ПРОМО ФИКС – промотивни депозити во денари и во евра од ТТК Банка

Објавено

на

Во месец октомври, светскиот месец на штедење, ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда на ПРОМО ФИКС депозитите за физички лица за штедење во денари и во евра до 30 ноември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно