Connect with us

Домашни банки

ХАЛКвантура: направи 10 трансакции со Mastercard, користи две услуги на Халк Банка и освој Jeep Compass

Објавено

на

Денес, 01 октомври 2018 година започнува наградната игра на Халкбанк под името “Скокни во ХАЛКВАНТУРА“.

Наградната игра е креирана за корисниците на Mastercard платежни картички од Халкбанк АД Скопје, кои користат дополнитешно уште 2 кредитни и/или некредитни производи и/или услуги на банката, наведени подолу.

Во Наградната игра се вклучени и валидни сите трансакции направени од страна на корисникот на картичката на продажните места преку ПОС терминал и e-commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и надвор од неа. Во Наградната игра не влегуваат исплати на готовина од банкомат или од ПОС шалтер, членарини, провизии, како и сторнирани трансакции.

Наградната игра ќе трае до 31 декември 2018 година, кога ќе биде извлечена и главната награда – Jeep Compass и 5 вредности ваучери на износ од 10.000 денари.

Во Наградната игра право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои се клиенти на ХАЛКБАНК АД Скопје. Наградната игра ќе започне на 01.10.2018 и ќе трае до 31.12.2018 година.

За да земете учество во наградната игра “Скокни во ХАЛКВАНТУРА“ и да станете потенцијален добитник на прекрасниот JEEP Compass треба успешно да одиграте неколку чекори:

1. Направете минимум 10 трансакции со Вашите дебитни или кредитни Mastercard Халкбанк картички за физички лица.

2. Бидете активен корисник на уште минимум 2 различни типови на производ или услуга од долунаведените:

  • Плата/Пензија
  • Дозволено пречекорување на трансакциска сметка
  • Кредити Депозити
  • Полиса за осигурување Електронско банкарство
  • СМС Инфо

3. Потполнете изјава за согласност преку официјалната WEB страна на Халкбанк А.Д.

Правилата за наградната игра “Скокни во ХАЛКВАНТУРА“ можете да ги погледнете ТУКА.

Домашни банки

ОФИЦИЈАЛНО: “УНИБанка” издаде перпетуална обврзница по пат на приватна понуда

Објавено

на

На 11.01.2019 година, УНИБанка преку Македонска берза објави дека банката донесе одлука за издавање на капитален инструмент по пат на приватна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје ги извлече добитниците од наградната игра ,,Халквантура”

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје на ден 16.01.2019 година во просториите на Деловниот Центар на Халкбанк АД Скопје во Скопје ги извлече добитниците на награди од наградната игра ,,Халквантура’’. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нови престижни награди за Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи се само дел од критериумите врз база на кои светски реномираните магазини ги доделуваат глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарскиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange