Connect with us

Домашни банки

ХАЛКБАНК 25 години активен поддржувач на македонската економија

Објавено

на

Денес во просториите на Бизнис центарот на Халкбанк се одржа настан на Стопанска комора Македонија – Турција (МАТТО) кој беше посветен на успешната работа и важноста на Халкбанк АД Скопје во Македонија.

На настанот присуствуваа бизнис партнери и членки на МАТТО, како и видни личности од економскиот сектор во државата, пред кои се потенцираа најсилните карактеристики на банката, како активен чинител во македонскиот бизнис.

Меѓу останатото, беше истакнато дека иновативноста во процесите и услугите е една од најсилните карактеристики на Халкбанк, која преку употреба на прилагодени стратегии и создавајќи производи и услуги за микро, мали и средни  клиенти, стана лидер во проширување на визијата на банкарскиот систем во Македонија.

Во рамки на настанот свое обраќање имаше и д-р Билал Суџубаши, генерален извршен директор на Халкбанк, кој се осврна на важноста на Халкбанк во македонската економија и долгата 25-годишна традиција на постоење на банката во земјата, од кои 6 години работа под брендот на Халкбанк.

Тој ги истакна и активностите кои банката ги спроведува во делот на поддршка на реалниот сектор во Македонија, како и нивната посветена работа во насока на постојано подобрување и имплементација на иновативни производи и услуги.

Од нашето основање наваму, наша таргет група се малите и средни претпријатија (МСП) кои претставуваат камен-темелник на економијата. Но, Халкбанк А.Д. Скопје паралелно ги поддржува сите сектори на економијата и сите бизнис слоеви. Во услови на добра организациска поставеност на Банката, продолжуваме со градење на деловни односи и развивање на нови можности особено во делот на МСП клиентите. За таа цел Банката воведе неколку нови производи, ЕСНАФ, РААТ и ПРОМО ПЛУС кредити, со цел адекватно да одговориме на барањата на клиентите, поддржувајќи ги нивните тековни потреби за основни средства и обртен капитал со конкурентни пазарни услови. Во 2018 година ќе продолжиме со поддршка на проектите на бизнис заедницата и преку кредитните линии од меѓународните финансиски институции. Како еден од поважните приоритети на Банката за 2018 година е и воведување на кредитни прозводи за поддршка на занаетчиите во Р. Македонија преку непосредна соработка со Занаетчиската Комора на Македонија.“ рече д-р Билал Суџубаши, генерален извршен директор на Халкбанк.

Во своето излагање, тој се осврна и кон плановите за 2018 година, потенцирајќи дека Халкбанк како силна компанија ќе продолжи да инвестира во сопствениот раст, а со тоа и во растот на севкупниот сектор. Преку вложување и проширување на персоналот, преку зајакнување на капиталот со реинвестирање на веќе остварените приходи, преку унапредување на своите процеси и производи, преку инвестирање и поддршка на локалните бизниси, како и преку финансирање и грижа за целото население, оваа банка ќе продолжи да придонесува со значајни економско-социјални резултати во државата.

Нашата банка е банка со традиција. Во долгодишното искуство, со своите клиенти градиме односи кои се базираат на доверба, квалитет, задоволство и сигурност. Нашата цел е да бидеме веродостоен и исполнителен партнер на нашиот клиент. Работиме според цврсто поставени корпоративни вредности. Растеме благодарение на демонстрираните натпросечни вредности на нашиот персонал. Растеме врз основа на трудот да креираме додадени вредности за нашите клиенти. Посветеноста и професионализмот  во исполнување на нашите цели, на крајот ги носат и позитивните резултати. Со исти цели, но со уште поголеми капацитети кои сме подготвени да ги вложиме, ќе продолжиме и понатаму.“, заклучи генералниот извршен директор на Халкбанк.

На настанот беа презентирани и финансиските резултати на банката, со осврт на последната година.

Со стабилен раст во поглед на активата и пасивата, како финален резултат на крајот на годината е остварениот нето профит од  8.77 милиони евра,  одржувајќи висока стапка на поврат на капиталот од 10,6%. Особено значаен раст бележи и ставката на средства со достигнат износ од 686,6 милиони евра на крајот на годината.

Во 2017, во услови на намалени каматни стапки и забавување на побарувачката на кредити, особено кај корпоративниот сектор, Халкбанк успеа да го зголеми своето вкупно кредитно портфолио за 73 милиони евра или 19,2%. Во овој сегмент вкупниот пазар порасна само за 5,7%.

Од аспект на кредитирање на корпоративниот сектор особено во делот на МСП Халкбанк успеа да оствари пораст од 41,5 милиони евра или 21,6% кој е еднаков на 58% од вкупниот раст на пазарот во делот на кредитирање на правните субјекти.  Паралелно, го зачувува ниското ниво на лоши пласмани со само 0.56% што е уште еден показател за здравиот раст. Во исто време, депозитната база на Халкбанк порасна за 85 милиoни евра, односно 23,80% – највисока на пазарот, додека пазарот на депозити во Р. Македонија, истата година забележа пораст од само 5,40%

Инаку, Стопанска комора МАТТО брои повеќе од 60 членки и редовно организира состаноци, средби и настани за македонско-турската заедница, со цел да се зголемат и да се развијат бизнис активностите на нејзините членови во сферата на нивното делување и да се зголемат и подобрат нивните резултати.

Повеќе

Домашни банки

Комерцијална банка најуспешна во тргување на девизните пазари

Објавено

на

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД,  на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2019 година)“. Ова е петто  по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија,  доделено од Global Finance. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал банка ја прошири својата мрежа на експозитури во Кисела Вода, Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје продолжи со проширување на својата мрежа на експозитури на територијата на град Скопје, водена од својата мисија за градење на доверба, сигурност и посветеност кон клиентите, нудејќи им највисок стандард на финансиски услуги. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал оствари добивка од 8,6 милиони евра во периодот од јануари до септември 2018 година

Објавено

на

Кумулативниот реализиран финансиски резултат на Охридска банка АД Скопје за периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 година изнесува 531,6 милиони и е значително повисок односно за 2,5 пати во однос на остварениот резултат за истиот период минатата година, што во основа е резултат на пораст на приходите од редовно работење, пониски оперативни трошоци и пониска цена на чинење на ризикот. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange