Connect with us

Домашни банки

Халкбанк ја поттикнува твојата супермоќ за освојување супер награди

Објавено

на

Платежните картички се едни од најсовршените инструменти за плаќање во ова наше современо, ,,безготовинско” општество. Но, замисли, покрај брзината и едноставноста при плаќањата, со секоја трансакција со твојата платежна картичка, да бидеш чекор поблиску до освојување награди. 

Овојпат, Халкбанк АД Скопје ги наградува имателите на Mastercard платежни картички издадени од Халкбанк, кои преку вршење трансакции со истите, ќе имаат можност да станат потенцијални добитници на вредни награди.

Големата наградна игра на Халкбанк веќе започна и ќе трае до крајот на февруари идната година. Во неа, право на учество имаат сите физички лица кои се корисници Mastercard платежни картички, издадени од Халкбанк АД Скопје. 

Преку секоја направена трансакција, корисниците на Masercard кредитни картички стануваат потенцијални добитници на награди, додека, пак, имателите на Халкбанк дебитни картички од брендот Mastercard, можат да учествуваат во наградната игра со вршење трансакции преку HalkPay и GarminPay апликациите.

За да се стане учесник во наградната игра, неопходно е да се пополни изјава за согласност за учество на официјалната web страна на Халкбанк АД Скопје: www.halkbank.mk.

Со секоја поединечна трансакција со Mastercard кредитна картичка, се добива една шанса за учество, додека со секоја поединечна трансакција преку Halkpay мобилната апликација и GarminPay опцијата за бесконтактно плаќање, се добива тројна шанса за учество во наградната игра.

За учесниците во наградната игра, Халкбанк подготви интересен награден фонд  со 60 вредни награди. Притоа,  во трите месечни извлекувања – на 3 декември, 12 јануари и 2 февруари, ќе бидат доделени по 15 ваучери за спортска опрема во вредност од по 6.000 денари.  Главното извлекување на наградите – 6 Гармин часовници, 4 Мобилни телефони и 5 Ваучери за велосипед ќе се изврши на 9 март.

Во секое месечно извлекување ќе учествува секоја трансакција направена во предходниот месец со  Mastercard платежни картички за физички лица (Mastercard Debit Contactless; Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless; Mastercard World Contactless)  направена на ПОС терминалите и/или виртуелните ПОС терминали како и со HalkPay мобилната апликација и услугата GarminPay. Во Главното извлекување, пак, ќе учествуваат сите трансакции направени за времетраење на наградната игра.

Пријави се за учество во наградната игра и пазарувај со својот најдобар пријател – платежната картичка издадена од Халкбанк. Активирај ја својата супермоќ и добиј можност да уживаш во супер награди! 

Домашни банки

Комерцијална банка наградена од ЕБОР за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој ја награди Комерцијална банка за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“. Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР по 18-ти пат и во континуитет со години како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Злато и сребро на Банкарските спортски игри за вработени во Комерцијална банка

Објавено

на

Силна мотивација, тимски дух и желба за победа – доволно за да остварат претставниците на Комерцијална банка низа успешни резултати на годинашните Банкарски спортски игри. Вработени во Комерцијална банка собраа златни и сребрени медали и покажаа и докажаа дека спортските вештини, засилени со цврста соработка и посветеност, се формула за успех. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка оствари нето добивка од 10,6 милиони евра во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно