Connect with us

Домашни банки

Халкбанк уште еднаш ја покажа на дело својата општествена одговорност – Банката откупи 300 билети од МНТ со цел поддршка за културата

Објавено

на

Изминатиов период, додека светот се соочува со пандемијата од вирусот КОВИД-19, а бизнисите ги трпат економските последици, сведоци бевме како Халкбанк, низ повеќе активности и иницијативи, дава поддршка на повеќе трговци кои беа погодени од корона кризата.

Преку доделување ваучери, или пак однапред купување разни услуги од малите бизниси кои беа принудени да ги затворат своите врати поради карантинот, банката на индиректен начин помагаше на голем број угостители, салони за убавина, спортски центри, цвеќари итн.

Меѓутоа, ниту театрите не останаа имуни на пандемијата, па така и салите на Македонскиот народен театар веќе четврти месец се празни, па во рамки на заложбата на Халкбанк за поддршка на нивните клиенти, но истовремено и во знак на поддршка и за културата, банката откупи вкупно 300 билети за три нивни претстави.

Се работи за претставите „Магбет“, „Галеб“ и „Еден месец на село“, кои ќе се одржат кога ќе се создадат услови за тоа.

Извор: crnobelo.com

Домашни банки

Комерцијална банка ќе им одобри дозволено пречекорување на приматели на пензија и плата во Еуростандард банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од денеска (14.08.2020) преку брза и едноставна процедура ќе им одобри дозволено пречекорување на клиенти кои имале активна сметка во Еуростандард банка АД Скопје и на која примале плата или пензија. Понудата се однесува на сите бонитетни клиенти кои имаат солиден рејтинг во кредитниот регистар на НБРСМ, односно се класифицирани во ризична категорија А или Б.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

АЖУРИРАНО: Пензионерите на Еуростандард банка не треба да носат одјава во новата банка каде ќе примаат пензија

Објавено

на

Пред неколку дена пишувавме околу постапката “Што треба да направат пензионерите кои примаат пензија преку Еуростандард банка“, со цел да ја префрлат својата пензија во друга банка, откако стана јасно дека Еуростандард банка АД Скопје оди во стечај. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска берза трајно ја исклучи Еуростандард банка од членство во Берзата

Објавено

на

Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на Еуростандард банка АД Скопје откако Комисијата за хартии од вредност донесе решение за трајно одземање на дозволата за работа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно