Платежни картички
Халкбанк со штанд во East Gate Mall уреден во стилот на аеродромските ВИП салони


Во новиот продажен центар East Gate Mall во Скопје, во главната зона во која се продажните салони на многубројните познати светски модни брендови, свој штанд отвори и познатиот банкарски бренд – Халкбанк.
Позната по своите услуги кои носат дополнителни вредности за луѓето, Халкбанк новоотворениот штанд го уреди во стилот на ВИП салони какви што ги има по меѓународните аеродроми, а во кои времето меѓу два лета можат да го поминат и корисниците на Mastercard World кредитната картичка издадена од Халкбанк. Оваа Мастер картичка на Халкбанк им овозможува на корисниците бесплатен пристап и користење на лонџовите.
„Халкбанк АД Скопје во рамките на програмата Lounge Key овозможува посебен третман за клиентите корисници на Mastercard World картичката во над 800 аеродроми насекаде во светот. Со новоотворениот штанд сакаме да го доловиме изгледот на овие ВИП салони и на посетителите да им го доближиме премиум искуството кое им го овозможува нашата Mastercard World картичка“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.
Посетителите на штандот во East Gate Mall исто така можат да добијат информции за сите предности и бенефиции што ги нудат кредитните картички издадени од Халкбанк, какви што се плаќањето на рати без камата кај огромна листа на продажни места или програмата Бонус поени каде со пазарување во предефинирани продажни места се добиваат поени кои потоа можат да се искористат за повторно пазарување. Во моментов во тек е и новата наградна игра „Активирај Супермоќ“, која ќе трае до 28 февруари, во која можат да учествуваат сопствениците на картичките од брендот Mastercard на Халкбанк, кои со секое пазарување добиваат шанса да освојат некоја од 60 вредни награди.
Повеќе информации за Mastercard World кредитната картичка на Халкбанк и привилегиите кои таа ги носи може да добиете на: https://halkbank.mk/mastercard-world- mk.nspx
Платежни картички
PAY AND GET – Плаќањето се исплати!


Кампања наменета за иматели на кредитни картички за физички лица издадени од Халкбанк АД Скопје од брендот Mastercard (Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless и Mastercard World Contactless) преку платформата Pay and Get Rewards – алатка во системот за наградување на Mastercard. (more…)
Платежни картички
Аплицирајте до 15.09.2022 за Mastercard кредитна картичка од Комерцијална банка без надомест и без годишна членарина за првата година


Вистинска слобода во изборот ви носат Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка. А, до 15.09.2022 се нудат без надомест за аплицирање и без годишна членарина за првата година за основната картичка. Уживајте во својата слобода и изберете ја картичката што најмногу ви одговара – Mastercard Standard, Mastercard Revolving или Mastercard Skopje City Mall. (more…)
Домашни банки
НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard Business картички – „За бизнис и задоволство“


Од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања наменета за сите правни лица, постоечки и нови корисници на кредитни и дебитни Mastercard Business картички. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје