Connect with us

Домашни банки

Халкбанк со поддршка на „Дајте музика“ и песната „Грин форсес“ која в недела ќе нѐ претставува на Јуниор Евросонг

Објавено

на

Проектот „Дајте музика“ и песната „Грин форсес“ со која познатите ликови од серијата – Кристина, Анастасија, Миха и Филип ќе ја претставуваат нашата земја на годинашното издание на Јуниор Евросонг што ќе се одржи на 19 декември во Париз, добија поддршка од Халкбанк АД Скопје која како банка е позната по својата поддршка на проекти кои ја подигаат свеста за заштита на природата и потребата од негување здрави животни навики.

„Дајте музика“ е еден од најпопуларните и најгледани телевизиски програми за деца кај нас. Главни протагонисти се група талентирани млади актери и пејачи кои за кусо време станаа идоли на новата генерација. Со песната „Грин форсес“ која децата ќе ја отпеат на големата сцена во Париз тие испраќаат порака до сите дека треба да водат грижа за планетата Земја.

Оваа порака постојано ја испраќа и Халкбанк АД Скопје и токму затоа даде поддршка на проектот и песната која ќе нè претставува во Париз бидејќи со неа популарните ликови од серијата стануваат активисти кои ќе придонесат за подигање на свеста за екологијата, грижата и заштитата на животната средина, особено кај најмладата популација на која ѝ останува иднината.

Халкбанк перманентно вложува во заштита на животната средина, како во зазеленување на земјава со нови дрвја, така и во организирање и давање поддршка на низа други активности кои се во насока на негување здрави животни навики и заштита на природата. Банката пред две години ја покрена и апликацијата HalkEco која ги поттикнува луѓето да практикуваат здрав животен стил и со своите физички активности да придонесат за засадување нови дрвја од страна на Халкбанк. Оваа апликација денес веќе прерасна во зелена платформа преку која Халкбанк, меѓу другото, има донирано над 33.000 садници. Дополнително, банката е член на големата коалиција Priceless Planet која делувањата за заштита на природата, ги превзема во светски размери.  

„Ние сме „Грин форсес” и преземаме контрола. Се сеќавам на едно прекрасно место, бистри води, широки зелени полиња и чисто сино небо. Но, што се случува со мојот дом сега?”, се вели во песната која децата од „Дајте музика“ в недела ќе ја изведат во Париз. Да навиваме сите заедно за нашите претставници и да ги послушаме – да почнеме повеќе да се грижиме за нашата планета!

Домашни банки

Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Објавено

на

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Популарно