Connect with us

Кредити

Халкбанк со нов потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода

Објавено

на

Халкбанк создаде нов потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода, кој вклучува и бројни други поволности. Со фиксна каматна стапка од 5% за првата година и 5,5% фиксна каматна стапка за втората година, како и без надоместок за одобрување на кредитното барање и без трошоци за предвремена отплата на кредитот, овој кредит е достапен за секого и за секаква намена.

Максималната вредност на потрошувачкиот кредит е до 1.500.000 денари, со максимален рок на отплата до 10 години.

Потрошувачките кредити се едни од најбараните банкарски производи затоа што се идеални за финансирање на најразличните потреби на граѓаните, и тоа по поволни услови.

Трошокот за полисата за животно осигурување, која е задолжителна за овој тип кредит е во зависност од тарифата на осигурителната компанија и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата од незгода е во вредност од 600 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.

Халкбанк АД Скопје во моментов има 43 филијали во 20 градови во Македонија каде се достапни услугите на банката како и дополнителните информации за секој од производите.

Кредити

Ново од Комерцијална банка и Нептун: Наменски кредит без трошоци за аплицирање и администрирање

Објавено

на

Купувајте на рати во Нептун со кредит од Комерцијална банка, кој сега го добивате без трошоци за аплицирање и администрирање. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Соништата навистина се остваруваат со Шпаркасе Банка!

Објавено

на

Купувањето или уредувањето на стан или куќа е една од најголемите финансиски одлуки во животот на секоја личност и затоа е многу важно да бидете добро информирани доколку решите да го направите ова со финансиска поддршка во форма на станбен кредит. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Стопанска банка АД – Скопје со промотивна понуда за станбени кредити до крајот на годината

Објавено

на

Повторно оваа есен, станбените кредити од Стопанска банка АД – Скопје вклучуваат понуда за намалени трошоци поврзани со процесот на аплицирање и одобрување што е значително олеснување за корисниците на кредит. (more…)

Продолжи со читање



Популарно