Connect with us

Кредити

Халкбанк со ново намалување на каматните стапки на станбениот кредит – 2,9% во првите 5 години и 3,3% во следните 5 години

Објавено

на

Станбениот кредит на Халбанк АД Скопје сега е со ново намалување на каматните стапки и уште подобри услови, со што клиентите добиваат извонредна можност да купат стан, куќа, деловен простор или да извршат рефинансирање на изложеноста во други банки по поволни услови. 

Халкбанк АД Скопје на своите коминтенти им нуди можност да земат кредит во висина до 300.000 евра, со фиксна каматна стапка за првите 10 години која, за првите 5 години изнесува 2,9%, а за следните 5 години – 3,3%. За останатиот период на отплата, кој може да биде до 30 години, каматната стапка изнесува 4 фиксни процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор. Овој производ е со ниска стапка на вкупни трошоци (СВТ) која за кредит во висина од 50.000 евра и рок на отплата од 30 години со понудените каматни стапки изнесува 3,54%. Кредитобарателот дополнително добива можност и за грејс период во отплатата до 12 месеци.

Кредитот е со задолжителна полиса за осигурување од незгода која е во износ од 1000 денари годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот, и полиса за животно осигурување чија висина е во зависност од тарифата на осигурителот и индивидуалните параметри на кредитокорисникот.

Станбениот кредит од Халкбанк е без провизија за обработка и без трошоци за проценка. Единствен трошок се 200 денари за проверка во Кредитно биро на кредитната историја на кредитобарателот, кој се наплаќа само на одобрени кредити пред нивната исплата  и 150 денари за апликација за кредит. Обезбедување на кредитот е со хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.

Во случај на предвремена отплата на кредитот, доколку тоа се врши од сопствени средства, не се наплаќа надомест. При отплата со рефинансирање со кредит од друга банка се наплаќа еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремено отплатениот износ.

Кредити

НЛБ Банка со нова промотивна кампања за кредитите за физички лица

Објавено

на

Од денеска, први септември, НЛБ Банка започнува нова промотивната кампања за кредити наменети за физички лица. Следејќи ги потребите и барањата на клиентите, во рамките на кампањата овозможени се низа поволности за сите оние кои во периодот од 1 септември до 31 октомври 2022 година ќе аплицираат за некој од кредитните продукти на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Онлајн кредити со рата веќе од 488 денари

Објавено

на

Важните финансиски одлуки, како што е изборот на соодветен брз кредит, можат понекогаш да бидат збунувачки. Токму затоа е важно да бидете информирани, за да можете да донесете правилна одлука при изборот на вашиот финансиски партнер. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со нова кредитна линија за стимулирање и развој на домашните компании

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје во соработка со Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ) воведува нов кредитeн продукт за правни лица со субвенционирана каматна стапка. Станува збор за кредитен продукт на износ до 30.000.000 денари, со субвенционирана фиксна годишна каматна стапка до 4% и рок на отплата до 12 месеци. За него ќе можат да аплицираат домашните компании кои оствариле добивка во 2021 и се одлучиле истата да ја реинвестираат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно