Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Форекс

Халкбанк со нова емисија на хартии од вредност обезбеди 15 милиони евра

Објавено

на

Врз основа на Решението на Комисијата за хартии од вредност од 15.02.2019 година одобрена е 15-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда Халк Банка А.Д. Скопје.

Халк Банка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 92.240 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000,00 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 922.400.000,00 денари.

Вкупниот капитал на Банката по извршената XV-та емисија на акции изнесува 6.103.700.000,00 денари, а вкупниот број на акции е 610.370 обични акции со номинална вредност 10.000 денари по акција.

Купувач на целата емисија на акции од 15-та емисија е мнозинскиот акционер на Банката, Халк Банкаси А.Ш. Турција со седиште на Барбарос Махаллеси, Шеббој Сокак бр.4, 34746 Аташехир Истанбул, Р. Турција.

Форекс

Склучен Меморандум за Соработка помеѓу Македонска Берза АД Скопје и АЦИ Македонија-Здружение на Финансиски пазари

Објавено

на

Со цел унапредување на меѓусебната соработка помеѓу „Македонската Берза АД Скопје“ и „АЦИ Македонија-Здружение на Финансиски пазари“ склучија Меморандум за соработка. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Недела на Funderbeam во Македонска берза

Објавено

на

Македонската берза во рамките на настанот „Недела на Funderbeam“ организира отворени денови за подетално запознавање со crowdfunding платформата Funderbeam. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза се приклучи кон глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“

Објавено

на

Македонска берза се приклучи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која трета година по ред е промотор на глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на акцијата е да промовира и да шири позитивна енергија, како и да развива чувство на заедништво и сплотеност меѓу луѓето, односно да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки.

„Pay it Forward“ (Продолжи понатаму) функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат, односно единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе.

Македонска берза, во наредниот период ќе организира бесплатна обука на тема „Основи на анализа на финансиски извештаи“ за студенти и невработени лица во времетраење од 2 дена. Со оваа обука, учесниците ќе се запознаат и ќе ги продлабочат знаењата во врска со структурата на основните финансиски извештаи, како и алатките и техниките на изготвување и анализа на финансиските извештаи. Со овој скромен придонес, Македонска берза, безрезервно се приклучи кон ова глобално движење на добра волја.

Линк за настанот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange