Connect with us

Домашни банки

Халкбанк со ваучери за спортска опрема од 5.000 и 3.000 денари за редовните корисници на апликацијата HalkEco

Објавено

на

Сите редовни корисници на апликацијата HalkEco на Халкбанк, како и оние што допрва ќе ја симнат и ќе ја користат апликацијата со која банката поттикнува формирање здрави животни навики, можат да освојат ваучер во вредност од 3.000 и 5.000 денари за купување спортска опрема. Ваучер од 5.000 денари може да освојат оние што со пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет ќе соберат 1500 HalkCoins, а предвидено е доделување 60 вакви ваучери, додека за собрани 900 HalkCoins ќе се доделат 150 ваучери во вредност од 3.000 денари.

Халкбанк како прва еко банка ја разви мобилната апликација HalkEco што има за цел да ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност, а како одговор на нивната активност банката засадува дрвја. На овој начин, HalkEco поттикнува формирање здрави навики, охрабрува физичка активност и подига еко свест како индивидуална одговорност за животната средина.

„Апликацијата HalkEco стартуваше во октомври минатата година и задоволни сме што ја користат речиси 5.000 корисници кои со своите физички активности секојдневно придонесуваат за намалување на емисијата на CO2 и обезбедуваат нови дрвја. Нашата статистика зборува дека корисниците на апликацијата досега имаат поминато над 306.000 километри во пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет. На овој начин, тие ја имаат намалено емисијата на CO2 за 38.391 кг. Со новите категории подароци кои ги воведуваме сакаме да поттикнеме уште поголемо користење на апликацијата бидејќи со тоа заеднички ќе придонесеме за заштита на животната средина“, вели Маја Наумовска, директор за корпоративни комуникации и маркетинг во Халкбанк.

Сите што ја имаат симнато апликацијата, со нејзиното активирање и користење при секоја физичка активност, добиваат HalkCoins. Во текот на работните денови и за време на градскиот метеж, односно од 07:30 до 09:30 и од 15:30 до 17:30, секој километар вреди 2 HalkCoins, за време на викендите 0,5 HalkCoins и останато време носи 1 HalkCoin.

Банката преку вредни подароци и финансиски олеснувања за своите услуги што ги доделува според вредноста на собраните HalkCoins, ги мотивира граѓаните да бидат физички активни, наместо да користат возило или јавен транспорт. Едни од најатрактивните се финансиските  поволности како намалени каматни стапки и надомест за обработка на кредити, бонус поени на кредитни картички, зголемени каматни стапки за депозити, гратис осигурителни полиси, велосипеди, електрични тротинети и ваучери за спортска опрема.

Благодарение на корисниците на апликацијата, Халкбанк веќе засади стотици дрвја во многу училишни дворови низ земјава, а изврши и пошумување на дел од падините околу езерото Младост кај Велес кои минатата година изгореа во пожар.

Домашни банки

КОВИД не и може ништо на Комерцијална: Профит од 21,3 милиони евра за првите девет месеци годинава

Објавено

на

Во периодот од 01.01-30.09.2020 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.310,6 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.300,6 милиони денари што претставува зголемување за 0,8%. Планираната бруто-добивка за деветте месеци од годинава е остварена со 89,1%. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Профитот на Охридска банка за 9 месеци изнесува 7,4 милиони евра

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје објави дека кумулативниот реализиран финансиски резултат за периодот од 1.1.2020 до 30.9.2020 изнесува 457,5 милиони денари, бележи зголемување од 72 милиони денари или пораст од 18,7% споредено со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Признание од „Global Finance“ за Комерцијална банка за извонредно кризно лидерство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со признание за Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) од страна на угледниот магазин „Global Finance“. Признанието е резултат на максималните напори што ги вложи Банката во услови на пандемија за да ги задоволи потребите и да им помогне на своите клиенти, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Популарно