Connect with us

Домашни банки

Халкбанк со акција за посадување на нови 9.200 дрвца

Објавено

на

Халкбанк активно инвестира во подобрување на еколошката средина за сегашните и за идните генерации. Во глобални рамки, компанијата е дел од коалицијата „Priceless planet“ заедно со Mastercard, чија цел е да се засадат 100 милиони дрва низ светот во следните 5 години. Својата мисија за позелена планета Халкбанк ја започна уште пред неколку години и досега кај нас има донирано над 25 000 садници,но има и реализирано многубројни активности во рамките на својата платформа „HalkEco“. Во последната акција за пошумување во која учествуваа вработените на Халкбанк беа посадени 9 200 дрвца во околината на Куманово.

Платформата „HalkEco“ промовира современ, здрав и еколошки свесен начин на живот. Во средиштето на платформата е апликацијата „HalkEco“, која ги поттикнува корисниците да практикуваат здрав животен стил, да ја намалат емисијата на штетни гасови COи да се вклучат во заштита на зеленилото. Досега корисниците на апликацијата имаат поминато над 701681 километри во пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет, а со тоа обезбедија засадување над 8771 нови дрвја и ја намалија емисијата на штетни гасови за над 88806 килограми CO2. Мобилната апликација „HalkEco“ и нејзините 6469 корисници и натаму во континуитет овозможуваат банката од нивно име да сади уште повеќе дрвја.

„Со учеството во коалицијата ’Priceless Planet‘ само го засиливме нашиот придонес за подобра животна средина на локално и на глобално ниво. За да направиме разлика мораме да почнеме од себе, затоа ние вработените во банката земаме учество во акциите за пошумување како што беше последната во Кумановско. Постојано настојуваме банката да биде пример за одговорно и еколошки свесно однесување. Во рамките на нашето работење, практикуваме паметно селектирање отпад, користење еколошки алтернативи, како и инвестиции во подигнувањето на свеста за околината, поттикнувајќи ги вработените и нашите клиенти активно да ни се придружат. Се радуваме на секое ново дрвце, секој нов корисник на апликацијата, секој убав збор на поддршка што постојано ги добиваме. Луѓето и нивната добросостојба се во центарот на сè што работиме и затоа ќе продолжиме и натаму да ги поттикнуваме здравите навики и одговорното живеење“, изјавија од Халкбанк АД Скопје.

Позитивните активности што ги практикуваат платформите „Priceless Planet“ и „HalkEco“ се пример за општествена одговорност. Иднината зависи од сите нас, а следејќи ги Халкбанк и нивната политика за одржлив развој, сите ќе имаме можност да придонесеме за поздрава животна средина и за грижа за планетата Земја. Погледнете го видеото одпоследната акција за пошумување на следниот линк.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно