Connect with us

Домашни банки

Халкбанк нов официјален спонзор на македонскиот ракомет

Објавено

на

Денес, 24 октомври, во присуство на медиумите, спортските новинари и претставници на Ракометната Федерација на Македонија, во просториите на Бизнис центарот на Халкбанк, и официјално беше потпишан договорот за годишно спонзорство помеѓу Халкбанк и РФМ.

На претстојниот утрешен квалификациски натпревар помеѓу репрезентацијата на Македонија и Турција за Европското првенство во 2020 година, ракометарите на Македонската репрезентација за прв пат ќе носат дресови со логото Халкбанк.

Имено, логото на Халкбанк ќе се користи на сите дресови кои се користат во натпреварувањата на Сениорската машка, Сениорската женска и националните репрезентации во млади категории во машка и женска конкуренција (младински, кадети и пионери).

Тргнувајќи од својата определба да биде „банка на луѓето“, каде оддава признание дека секој еден е еднакво важен, градејќи и негувајќи уникатна, нераскинлива врска со сите свои корисници, Халкбанк одлучи да ги поддржи македонските машки и женски ракометни репрезентации во нивните понатамошни успешни спортски походи, се до крајот на 2019 година.

„Ние како банка отсекогаш сме го препознавале и наградувале успехот кој се темели на посветеност, натпреварувачки дух и тимска работа. Особено сега, кога е актуелна нашата корпоративна кампања ‘Важни се луѓето’, сметаме дека е исклучително важно да ја покажеме нашата поддршка и кон македонскиот ракомет, како можеби и најклучната гранка на националниот спорт, и заедно со сите македонски граѓани и верните навивачи да им дадеме дополнителен мотив на ракометарите да продолжат преку победи“, изјави Др. Билал Суџубаши, генерален директор на Халкбанк.

„Навистина ме радува фактот што Халкбанк искрено ги препознава вистинските вредности во сите сегменти на нашето живеење, а секако не исклучувајќи го тука и македонскиот ракомет. Од името на целата Федерација сакам да ја изразам нашата благодарност за оваа поддршка, бидејќи токму ваквите партнерства ни даваат шанса да покажеме пред светот дека навистина имаме квалитетен ракомет и вистински велемајстори“, изјави Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, г-дин Живко Мукаетов.

На прес-конференцијата беа присутни селекторот на Машката ракометна репрезентација на Македонија Раул Гонсалез, како и капитенот на Македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, кои исто така ја истакнаа својата благодарност кон Халкбанк, како најнов поддржувач на македонската ракометна репрезентација, и истовремено посочија дека се надеваат на долга и успешна соработка која несомнено ќе придонесе за многу нови победи. Тие истовремено ја најавија и новата серија претстојни натпревари, почнувајќи со квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 помеѓу репрезентациите на Македонија и Турција.

Инаку, поддршката на Халкбанк на Ракометната Федерација на Македонија се случува токму во екот на настапите на машката ракометна репрезентација, а првиот квалификацискиот меч со Турција ќе се одигра утре во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток од 20.15 часот. Веднаш по мечот со Турција, следи гостувањето во Грција на 28 октомври, каде македонските ракометари повторно ќе го носат дресот закитен со логото Халкбанк.

Домашни банки

ОТП банка не е соодветен купувач на Охридска банка!

Објавено

на

Преземањето на Охридска банка Сосиете Женерал, како и воопшто продажбата на подружниците на Сосиете Женерал во регионот е топ тема во банкарските кругови изминатиот период.

Иако претходно најавивме дека ОТП Банка бара соодветен модел за преземање на Охридска банка, сепак до таква трансакција нема да дојде. Неофицијално се коментира дека високи функционери во оваа унгарска банка биле вмешани во афери со перење на пари, што за НБРМ ги прави неповолен инвеститор за во Македонија. Официјалната причина сепак е дека рејтингот на ОТП група не е соодветен за преземање на подружница која припаѓа на Сосиете Женерал, која е мошне моќна групација.

Претходно, НБРМ обелодени дека дозвола за купување на Охридска банка ќе биде дадена само на купувач кој е на ист или повисок ранг од Сосиете Женарал. 

Дека Сосиете Женерал си заминува од балканот, а Охридска банка си заминува од Македонија е повеќе од јасно. Периодот што следи останува да се види која групација ќе биде официјалниот купувач.

Следува повеќе…

Продолжи со читање

Домашни банки

БАНКИТЕ ГО ПРОМЕНИЈА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА, НАСКОРО ДОКУМЕНТИ СО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Објавено

на

Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните излезе со соопштение од одржан работен состанок.

На првиот состанок беа донесени следните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на обврските на Република Северна Македонија по влегувањето во сила на Конечната спогодба и Уставните амандмани и Уставен закон на 11 јануари 2019, денес на 12 февруари 2019, со индикативни временски рокови за нивна реализација:

  1. Царинската управа да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република Северна Македонија, во рок од 3 дена;
  2. Секторот за односи со јавност при Владата на Република Северна Македонија во рок од 7 дена да изработи Книга на графички стандарди со која ќе утврди стандарди за визуелен приказ на уставното име Република Северна Македонија во склоп со државниот грб како лого кое го користат државните институции за јавните табли на влезот од сите институции.
  3. Генералниот секретаријат во рок од 7 дена да изготви софтвер кој ќе ги содржи сите институции од државно и локално ниво, како и димензиите на јавните табли. Промената на сите табли, на централно и локално ниво, да се заврши во рок од 4 месеци.
  4. Сите институции да извршат промена на сите дигитални записи (логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб страни, медиуми итн.) во рок од 3 дена.
  5. Сите институции треба соодветно да ги изменат меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, во рок од 2 недели.  
  6. Министерството за надворешни работи, да ги замени таблите во министерството како и печатите и штембилите во министерството во рок од 2 недели, а во дипломатско-конзуларните претставништва во рок од 3 недели.
  7. Министерството за внатрешни работи да започне со издавање на нови регистерски таблички, во рок од 4 месеци. Во меѓувреме, како преодно решение, МВР ќе обезбеди налепници со ознака „NMK” за регистарските таблички на возилата.
  8. Министерството за внатрешни работи да ги преземе потребните мерки и активности за спроведување на решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање на нови патни исправи. Издавањето на нови пасоши да започне од крајот на 2019г. Во преодниот период, Министерството за внатрешни работи при излез од или влез во Република Северна Македонија, во постојните и новоиздадените во преодниот период патни исправи ќе биде ставен печат кој ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република Северна Македонија.
  9. Народната банка, со оглед на комплексноста на постапката, да направи анализа и план на неопходните активности за постепена замена на банкнотите, со оценета временска динамика, во рамките на редовните нови емисии, водејќи сметка за макроекономската стабилност; првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020 г. и потоа, сукцесивно, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отворањето на релевантното ЕУ поглавје.
  10. Сообраќајните знаци на меѓународните патни правци во земјата, давајќи предност на ендонимите (во англиска транскрипција) врз егзонимите (на македонски јазик во кирилско писмо) да се променат во рок од 2 месеци.
  11. Во рок од 6 месеци да се направи преглед и ревизија на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција, да се преземат соодветни корективни мерки и активности.
  12. Во рок од 6 месеци, да се пристапи кон отстранување на симболот истакнат на поранешното национално знаме од целиот јавен простор и јавна употреба. Археолошките артефакти се изземени.

Согласно донесените Одлуки, банките во предвидените рокови ќе бидат обврзани називот од Република Македонија да го променат во Република Северна Македонија.

На англиски јазик, називот ќе гласи Republic of North Macedonia.

Промените ќе се имплементираат во Договори, Анекси, Дописи, веб страните, email комуникацијата и сите други документи каде се јавува името на државата.

Продолжи со читање

Домашни банки

TТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физички лица

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физички лица што се должи на намалувањето на каматните стапки на благајничките и државните записи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange