Connect with us

Домашни банки

Халкбанк нема да наплаќа провизии за налози на физички лица преку електронските канали заклучно со 31 март

Објавено

на

Согласно актуелната ситуација и потреба за спроведување на мерки за претпазливост на појава и ширење на коронавирусот (КОВИД-19), Халкбанк АД Скопје е првата македонска банка која презема конкретни чекори со цел поддршка на своите клиенти во делот на провизиите за плаќања преку електронско и мобилно банкарство.

Банката во периодот од 16 март до 31 март 2020 година, нема да наплаќа провизии за трансакции од физички лица во денари преку електронско и мобилно банкарство.

Со овие мерки банката на своите клиенти им ја олеснува употребата на електронските канали за плаќање со цел што повеќе трансакции да се одвиваат од својот дом, без потреба клиентите да ги посетуваат експозитурите.

Оваа одлука на банката е за поздравување бидејќи директно влијае кон намалување на движењето на граѓаните во експозитурите и филијалите на банката, а воедно и кон заштита на своите вработени.

Домашни банки

Силк Роуд Банка го промени работното време на експозитурата во Куманово

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите клиенти на банката физички и правни лица од Куманово дека поради новонастанатата ситуација во Куманово и одлуката на Владата за забрана на движењето на населението (полициски час), почнувајќи од 06.04.2020 година (понеделник), експозитурата ќе работи со скратено работно време и тоа од 08:30 до 14:00 часот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка го промени работното време на експозитурите

Објавено

на

Во согласност со моменталната ситуација на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на клиентите и вработените, НЛБ Банка изврши промена на работното време на своите експозитури почнувајќи од понеделник 06.04.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување од ТТК Банка за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица

Објавено

на

Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ („Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20 од 24.3.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.3.2020 година), а со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, ТТК Банка АД Скопје на ден 3.4.2020 година објави: (more…)

Продолжи со читање

Популарно