Connect with us

Домашни банки

Халкбанк започна со готовинска исплата на априлските пензии

Објавено

на

Халкбанк ги повикува своите клиенти пензионери, за поголема заштита, користењето на априлската пензија да ја извршат преку користење на платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба за готовина како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство.

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

  • за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април;
  • за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28-ми април;
  • за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и
  • за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30-ти април.

На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

Работењето на филијалите од аспект на бројот на вработени и бројот на шалтери кои ќе работат, ќе бидат прилагодени во најголема можна мера на потребите, ќе бидат ангажирани лица за одржување на редот, се’ во насока за зачувување на здравјето и безбедноста и на вработените и на клиентите на Халкбанк АД Скопје.

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на потребите на клиентите во периодот од 08:30 до 15:30 часот.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно