Connect with us

Домашни банки

Халкбанк: Да направиме сè зборот на годината во 2022 да биде ЉУБОВ

Објавено

на

Бројните предизвици во изминативе две години донесоа големи промени во нашите животни навики. Додека некои од нив бевме принудени да ги отфрлиме, истовремено се стекнувавме и со нови.

Новата година буди најразлични желби и очекувања кај секој од нас. Секое говорно подрачје упатува честитки на различен јазик, секоја држава празнува со свои посебни традиции, но славењето со љубов е заедничко за сите. Токму поради тоа, предлагаме и посакуваме следната година да биде обележана со зборот „љубов”.

„Нашата идеја е да си посакаме следната година да биде одбележана со некој убав збор, односно, со најубавиот збор – љубов. Сакаме да ги  мотивираме луѓето што поинтензивно да го користат тој збор, за на крајот на 2022 година да бидеме горди дека ЉУБОВТА ПОБЕДИЛА!“, велат од банката.

Оваа идеја, преточена во визуелна и комуникативна реализација, е всушност произлезена од согледувањето на годишните истражувања на Оксфордскиот универзитет, каде на крајот на секоја година се прогласува ЗБОРОТ на годината.

А во моментот на социјалните медиуми на сопствените профили, Халкбанк спроведува едно забавно истражување меѓу граѓаните за тоа кој збор ним им ја одбележал 2021 година. Во рамки на активацијата, за најкреативните четири споделувања, Халкбанк ќе додели ваучери во вредност од 2.500 денари за вечера во рестораните на Амигос.

Упатете се на фејсбук страната и инстаграм профилот на Халкбанк и вклучете се во празничното „истражување” на Халкбанк.

Домашни банки

Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип

Објавено

на

Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка со нов Унит Линк производ

Објавено

на

Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка, го збогати своето портфолио на продукти и понуди нов, атрактивен Унит Линк производ, кој покрај балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, нуди и животно осигурување со штедење. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“

Објавено

на

Најмасовниот и најзабавниот настан „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје повторно се враќа на скопските улиците. На 5 јуни (недела) градот по шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички кои ќе возат по улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина. (more…)

Продолжи со читање


Популарно