Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на штедењето со промоција на својата нова маскота – слончето Халки

Објавено

на

По повод 31 октомври, Светскиот ден на штедењето, Халкбанк за првпат ја претстави својата нова маскота за Детското штедење – слончето Халки!

На настанот посветен на децата и на штедењето, кој се одржа вчера во филијалата на Халкбанк во Лептокарија, банката официјално го прогласи победникот од неодамнешниот конкурс за именување на слончето и му врачи штедна книшка во вредност од 10.000 денари.

На конкурсот за именување на слончето, кој се спроведуваше од 12 до 21 октомври на страницата на Фејсбук на Халкбанк, од пристигнатите 2.400 предлози, избрано беше името „Халки“ на среќната добитничка Елеонора Коцеска.

„Самиот процес на креирање на нашата нова детска маскота беше толку забавен што посакавме да го споделиме и да им дадеме шанса на децата да се вклучат во него, со цел да може натаму лесно да се идентификуваат со новиот лик и преку него да учат да создаваат навики за штедење од најмала возраст. Детското штедење е исклучително важен продукт за Халкбанк и со сите активности што ги правиме за негова промоција, сакаме да влијаеме во насока на подигнување на свеста за рано штедење. Така, всушност, и вложуваме во посигурна и среќна иднина“, изјави Маја Наумовска-Савеска од Дирекција за односи со јавност во Халкбанк.

Инаку, по повод октомври ‒ месецот на штедењето, Халкбанк секоја година реализира различни активности за децата, со цел промоција на Детското штедење, а овој пат секоја филијала беше отворена и приспособена за децата.

Во филијалата во Лептокарија беше организиран и поголем настан, на кој беа присутни голем број деца од повеќе основни училишта и градинки од Скопје, кои имаа можност да се дружат со Халки, да учествуваат во богатата програма и да учат за штедењето.

Домашни банки

Одличен успех на спортистите од Синдикатот при Стопанска банка АД – Скопје на Бофосијада 2019

Објавено

на

Синдикатот при Стопанска банка АД – Скопје секоја година зема активно учество на банкарските игри во Македонија, а овојпат учествуваше и на меѓународните спортски игри во Србија под името #Бофосијада 2019. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Рекорден број на учесници на јубилејното петто издание на “ВозиПравоВозиЗдраво”

Објавено

на

Петтото јубилејно издание на #ВозиПравоВозиЗдраво во организација на Стопанска банка АД-Скопје помина со најголем број учесници, нов старт, повеќе подароци и вредна лотарија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Второ место за Комерцијална банка на Банкарските спортски игри

Објавено

на

Комерцијална банка го освои второто место во генерален пласман на годинешните Банкарски спортски игри, со два бода заостанување зад првопласираниот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange