Connect with us

Домашни банки

Халкбанк ги повикува љубителите на трчањето да бидат дел од HalkEco Скопје Трча10КМ

Објавено

на

На 13 јуни, по едногодишна пауза поради пандемијата, љубителите на трчањето повторно ќе имаат можност да учествуваат во традиционалната трка HalkEco Скопје Трча 10 КМ која ќе се одржи во Скопје.

Организатори на овој спортски настан се Сојузот на спортови на Град Скопје и Атлетскиот Клуб „Работнички“ од Скопје. Генерален спонзор на HalkEco Скопје Трча е Халкбанк АД Скопје, која овојпат симболиката на 10 км трка ја поврзува со одбележувањето на својот јубилеј – 10 години успешна работа на македонскиот пазар.

Трката ќе биде организирана според безбедносни протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите.

Тркачите ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови, според таргет времето кое го имаат избрано, а во секој стартен бокс ќе мора да има растојание помеѓу тркачите од 1,5 метар. Носењето заштитна маска ќе биде задолжително цело време, освен за време на трката. Стартот и целта на трката се планирани да бидат на булевар Илинден, во близина на фонтаната Лотус, со што ќе се трча по булевар Илинден и дел од булеварот Партизански одреди.

Халкбанк која е позната по своите активности врзани за промовирање и негување здрави животни навики и зачувување на животната средина, а кои се реализираат преку платформа HalkEco, и годинава продолжува да вложува во спортот. Минатата година таа даде поддршка за организирање на првата хронометар трка HalkEco Хронометар 10 KM која беше прв спортски настан организиран во услови на пандемија. Банката успешно ја организираше и хронометар велосипедската трка Halk Velo Green каде во Маврово се натпреваруваа и професионални велосипедисти, но и вљубеници во овој спорт.

Во средиштето на платформата HalkEco на Халкбанк е истоимената апликација која ги поттикнува корисниците да практикуваат здрав животен стил, да ја намалат емисијата на штетни гасови CO2 и да се вклучат во заштита на зеленилото.  За секоја активност: трчање, пешачење или возење велосипед, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, освојува подароци и други бенефиции. Истовремено, на овој начин обезбедува и дрвја за кои Халкбанк презема обврска да ги засади, со што корисниците заедно со Банката придонесуваат за почиста и поздрава околина.

Ценејќи дека сите имаме можност да придонесеме за поздрава животна средина и за грижа за планетата Земја, Халкбанк и ги повикува сите љубители на спортот и трчањето да се пријават најдоцна до петок, 4-ти јуни 2021 година и да бидат дел од HalkEco Скопје Трча 10КМ.

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на пензиите за октомври

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.10.2021 година). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка од денес врши предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец октомври ќе се исплатат предвреме почнувајќи од денес (26 октомври 2021 година) во четири групи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје: Од денес (26-ти октомври 2021 година) започна предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (26-ти октомври 2021 година), ќе врши исплата на пензијата за месец октомври на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање



Популарно