Connect with us

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина.

Фотографиите на Елмедина Елези, Константин Влахо, Мирјана Силјаноска, Ева Димоска и Елена Серафимовска Стојчевски, кои беа избрани за најинтересни и најкреативни, добија викенд во еко-ранчот на „Ванчо и Ранчо на Ката“ во Оморани. Сите фотографии што беа дел од предизвикот може да ги погледнете на страницата на Инстаграм на Халкбанк во делот #EcoYogaTree.

„Со овој предизвик, кој го организиравме заедно со Mastercard, сакавме симболично да ѝ дадеме оддишка на планетата Земја. Последните анализи во Британија покажуваат дека свеста и размислувањата на луѓето се променети во насока на нивно еко дејствување. Целта на коалицијата е тоа размислување да го покренеме на глобално ниво. Токму затоа, со секоја трансакција на Mastercard донираме за поздрава иднина на нашата планета“, изјавија од Халкбанк АД Скопје.

Планетата Земја ни е една и единствена и само заедно може да ја зачуваме здрава за генерациите што доаѓаат. Овој предизвик е пример како со мал ангажман на секој од нас може да направиме повеќе за подигнувањето на свесноста за планетата Земја. Халкбанк продолжува со активности како дел од коалицијата „Priceless Planet“ со Mastercard. Дознајте како да се вклучите во следните активности со заследување на Халкбанк на социјалните мрежи.

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на пензиите за октомври

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.10.2021 година). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка од денес врши предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец октомври ќе се исплатат предвреме почнувајќи од денес (26 октомври 2021 година) во четири групи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје: Од денес (26-ти октомври 2021 година) започна предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (26-ти октомври 2021 година), ќе врши исплата на пензијата за месец октомври на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање



Популарно