Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Халкбанк ги намалува каматните стапки на потрошувачките и хипотекарните кредити

Објавено

на

Халкбанк ги намалува каматните стапки и надоместоците за обработка на кредитните барања на одделните типови на потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити во промотивниот период до 15.12.2019 година.

„Промените што ги воведуваме се однесуваат на најбараните наши производи и се во контекст на задоволување на потребите на нашите клиенти, за што поповолни банкарски услуги. Веруваме дека со намалување на каматните стапки и надоместоци на најкористените кредитни производи, ќе придонесеме кон реализирање на личните инвестиции со прифатливо оптоварување на семејниот буџет. Оваа одлука ја следи мисијата на Халкбанк, да понудиме одлична услуга за нашите клиенти, предложувајќи им ги најдобрите решенија за нивните потреби и зголемување на задоволството од соработката со банката“, велат од Халкбанк.

Со промените што Халкбанк ги воведе, новиот потрошувачки кредит е со каматна стапка од 5,00% фиксна за првите 2 години, максимален износ до 1.200.000 денари, максимален рок до 120 месеци и со полиса за животно осигурување. Сите типови потрошувачки кредити во промотивниот период за аплицирање, до 15.12.2019, се без надомест за обработка.

Станбениот кредит, во понудата на Халкбанк, се одобрува без надомест за обработка за времетраењето на промотивниот период, односно до 15 декември 2019 година, и е со фиксна каматна стапка во првите 5 години. Со вклучувањето на осигурителната полиса во производите на Халкбанк се овозможува заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Хипотекарниот кредит од Халкбанк, со можност за животно осигурување, е со варијабилна каматна стапка дефинирана како 5,25 процентни поени плус 6 месечен Еурибор за период од 1 година, додека за останатиот период е 5,75 процентни поени плус 6 месечен Еурибор. Аплицирањето без надоместок за обработка е достапно во промотивниот период што е активен до 15.12.2019 година.

За сите кредитни производи од понудата на Банката клиентите можат да аплицираат онлајн или во најблиската филијала на Банката.

Домашни банки

Голема наградна игра на НЛБ Банка: „Поинакво зимско доживување со Mastercard haPPy во Кицбул, Австрија“

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 16.11.2019 до 30.12.2019 година организира наградна игра за сите корисници на НЛБ Mastercard haPPy кредитните картички во која еден среќен добитник ќе го однесе на ски-трките во Кицбул, а на 52 лица ќе им донесе велосипед или електричен тротинет. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Отворен ден во ПроКредит банка

Објавено

на

ПроКредит Банка Ве поканува на отворен ден во вторник на 26ти ноември во 15 часот во Централната управа на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 56 од Стаутот на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје

Во согласност со Одлуката на Надзорниот Одбор на Капитал Банка АД Скопје бр.0203-41/18 од 04.11.2019 година, ќе се одржи Вонредна седница на Собранието на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје во седиштето на Банката на ул.Никола Кљусев број 1, Скопје, на 16.12.2019 година со почеток во 12.00 часот, со следниот предлог (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange