Connect with us

Депозити

Халкбанк ги зголеми каматните стапки за штедење во денари

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги зголеми пасивните каматни стапки за депозити на физички лица. Имено, се коригираа каматните стапки кај Генералното штедење, за рок на штедење од 6 до 36 месеци и истите се зголемија до 0,3 процентни поени. Односно, ако за орочување од 36 месеци досега каматната стапка изнесуваше 1,20%, сега таа е 1,50%.

Следствено на ова, се зголемија и каматните стапки кај производите Отворен депозит, кој е со рок на орочување од 12 месеци и кај Детското штедење, во сите рочности.

Отворениот депозит за физички лица нуди можност за повеќекратни уплати во текот на траењето на договорот за орочување и е идеален за оние кои штедат секојдневно, толку колку ќе посакаат и кога ќе посакаат. Кај овој производ новата каматна стапка за орочување на 12 месеци за штедење во денари изнесува 0,50%.

Кај Детското штедење кое преставува исклучително значајно за креирање на позитивни навики на штедење и обезбедување на добра иднина за децата, постои можност за орочување на 25, 36, 48 и 60 месеци. Новата највисока каматна стапка за овој производ сега изнесува 1,80% за штедење во денари на рок од 60 месеци.

Депозити

Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските депозити на физички лица

Објавено

на

Почнувајќи од 01.06.2022 година, Стопанска банка АД – Скопје изврши промена на каматните стапки на денарските депозити на физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Зошто е важно да се штеди и како депозитите може да помогнат во иднина?

Објавено

на

Дали некогаш сте се запрашале зошто треба да штедите? Едноставно, штедењето е секогаш добро, без разлика дали во моментот имате цел за штедење или не. Можете да штедите за разни работи. Не само за она што се вика „црни денови“, туку и за најразлични убави работи. На пример, за купување стан, за образование на децата, за свадби, или едноставно можеби за некој нов домашен апарат, нови чевли, чанта, за годишен одмор или било што друго. Кога ќе заштедите за нешто и ќе го купите со заштедата, тогаш задоволство ќе ви биде уште поголемо и истовремено ќе имате волја и желба повторно да штедите за нешто друго. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Комерцијална банка ќе ги стимулира денарските депозити

Објавено

на

Почнувајќи од 01.05.2022 година Комерцијална банка АД Скопје ќе изврши промена на каматните стапки на депозитите на физички лица, и тоа: (more…)

Продолжи со читање


Популарно