Connect with us

Домашни банки

Халкбанк брои над 17.000 донирани садници низ македонските градови во тек на една година

Објавено

на

Во склоп со својата иницијатива за зачувување на животната средина и подигање на еколошката свест, платформата HalkEco, Халкбанк АД Скопје достигна број од 17.000 засадени дрвjа во периодот од стартување на еко платформата, од октомври минатата година до денес.

Од првата акција за садење одржана на 26-ти октомври, 2019 година, во неколку наврати засадени се над 9.000 дрвја низ државата, меѓу кои, 6.000 во Велес, 220 садници во училишните дворови во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Богданци, како и 2790 садници во реонот меѓу Битола и Демир Хисар.

Дополнително, уплатени се и 8.000 дрвја за пошумување во Свети Николе, со средствата собрани од котизациите на учесниците во првата велосипедска хронометар трка во земјава, Halk Velo Green која се одржа на почетокот на септември годинава, во Маврово.

Досега, покрај пошумувањето во овие градови, преку HalkEco платформата беше реализирана и реконструкција на 19 мостови во Градскиот Парк во Скопје, поставување еко автобуска постојка во скопската населба Аеродром, реконструкција на пешачкиот мост во Крушево, уредување на Халк Корнер во ТЦ Лептокарија, како и поддршка на кампањата за спречување на палењето на стрништа којашто ја спроведува Град Скопје.

Халкбанк како исклучително општествено одговорна компанија, за која Важни се луѓето, ќе продолжи и понатаму да придонесува за подобра животна средина низ целата држава, ќе работи кон поттикнување на здравите навики кај луѓето и ќе се стреми да го подобрува општеството, во целина, за доброто на сите.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Објавено

на

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.

Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.

Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.

Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.

„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.

Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.

Продолжи со читање

Популарно