Connect with us

Домашни банки

Халкбанк: Ажурирајте го телефонскиот број, ќе добиете СМС со информација кога ќе можете да ја подигнете картичката „КУПУВАМ ДОМАШНО’’

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат добиено финансиска поддршка од страна на Владата на Република Северна Македонија во рамките на програмата „КУПУВАМ ДОМАШНО’’, а која треба да се реализира преку Банката, доколку досега не извршиле ажурирање на своите лични податоци (телефонски број), тоа да го направат во најкус можен рок. Од причина што во моментот кога ќе биде изработена домашната платежна картичка, корисникот од страна на Халкбанк ќе добие СМС порака со информација каде може да ја подигне домашната платежна картичка од филијалата во која ќе им биде доставена. Ажурирањето на телефонскиот број може да се направи 24/7 на телефонскиот број 02/3296-330.

Програмата за финансиска поддршка на Владата важи за невработени граѓани, вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници и се состои од издавање домашна платежна картичка наменета за купување македонски производи и услуги во утврдениот рок. Корисниците на финансиска поддршка се објавени на www.kupuvamdomasno.gov.mk и секој корисник со внесување на својот ЕМБГ може да провери дали му следува помошта и во која банка издавач ќе му биде издадена домашната платежна картичка и висината на финансиската поддршка.

На корисници на финансиска поддршка кои се постоечки клиенти на Халкбанк АД Скопје и имаат матична филијала ќе им биде отворена посебна трансакциска сметка за намените за кои важи картичката. При врачување на домашната платежна картичка, потребно е корисникот на финансиска поддршка да се идентификува со документ за лична идентификација (лична карта или пасош) во филијалата.

Малолетен граѓанин корисник на домашна платежна картичка кој има валиден документ за идентификација (лична карта или пасош), може самостојно да даде согласност и да склучи Договор за издавање на домашна платежна картичка и отворање на посебна трансакциска сметка без присуство на родител/старател.

За сите корисници на финансиска поддршка кои немаат трансакциска сметка кај ниту една банка и се распределени за издавање на домашна платежна картичка во Халкбанк АД Скопје, ќе биде објавено дополнително известување со сите детали за отворање на посебна трансакциска сметка и начинот на подигнување на домашната платежна.

Домашната платежна картичка може да се користи исклучиво за купување македонски производи и услуги кај правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија. При нејзино издавање и користење не се наплатуваат никакви надоместоци и провизии, а не се наплатува ниту членарина за првата година.

Секој кој ќе биде корисник на ваква картичка од Халкбанк има можност истата да ја користи и понатаму. Притоа, за нејзино користење до крајот на 2020 година, Банката нема да наплатува надоместоци, а користењето по истекот на 2020 година, ќе биде во согласност со општите правила и услови за користење на платежна картичка на Банката. Корисникот исто така без надомест може да изврши затворање на сметката и затворање и/или одјавување на домашната платежна картичка.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно