Connect with us

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје со нова филијала во Тафталиџе

Објавено

на

Среда – ден за среќно отворање на новата Халкбанк филијала во Скопје!

Со големо задоволство, Халкбанк АД Скопје ги поканува своите клиенти да ја посетат новата филијала во населба Тафталиџе во Скопје на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 74а.

Во новата филијала ќе бидат достапни сите производи и услуги на Халкбанк АД Скопје (платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, штедни влогови, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA и MasterCard платежни картички и сл.), ќе се презентираат сите новини кои Банката постојано ги воведува на пазарот, и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со сите постоечки и нови клиенти.

Со својата присутност во градот преку отварањето на нови филијали Халкбанк АД Скопје се повеќе се приближува до потребите на граѓаните, правејќи уште еден чекор понапред кон достигнувањето на својата цел, да биде што поблиску до своите клиенти и квалитетно да им одговори на секојдневните банкарските потреби на граѓаните и на стопанствениците.

Работното време на филијалата е од 08:30 до 16:30 часот од понеделник до петок.

Мрежата на филијали на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје во моментот брои 45 филијали во вкупно 20 градови во државата. На овој начин ХАЛКБАНК АД Скопје придонесува за континуиран раст и постојано отворање на нови работни места.

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка засади дрвја во знак на успешна реализација на GEFF програмата за финансирање зелена економија

Објавено

на

Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Објавено

на

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на
групацијата Триглав. (more…)

Продолжи со читање



Популарно